ХАОС НА ЦРНОГОРСКА ТЕЛЕВИЗИЈА - гостинот викаше дека Ѓукановиќ мора да победи, па потоа ги вреѓаше сите во студиото
Објавено во: Балкан 29 Март, 2023 11:21
Политичкиот аналитичар Ранко Ѓоновиќ предизвика непријатна ситуација во емисијата Клуб А на ТВ А со водителката Мели Рамусовиќ, во која гостуваше заедно со соработникот на Друштвото за политички истражувања Предраг Калезиќ, кога почна да вика и да ги навредува присутните во студио, порачувајќи им дека се непријатели на Црна Гора. Згора на тоа, според него, актуелниот претседател Мило Ѓукановиќ треба да победи на изборите што ќе се одржат в недела.
„Немој да ми зеваш, пушти ме да завршам“, рече Ѓоновиќ во програмата во живо на водителката Мели Рамусовиќ, која го замоли учтиво да комуницира, по што продолжи.
„Знаеш што Мели, немам желба да ти одговорам. Одземете ми го микрофонот и ја напуштам емисијата... Сосема неточно... го насетував. Ве прашав кој е Предраг Калезиќ, мислев дека е Данило Калезиќ. Рековте дека човекот е добар и лесен за разговор. Многу сте пристрасни и некоректни, ја напуштам емисијата. Вие сте противник на Црна Гора и вие и вие“, рече Ѓоновиќ.
По оваа пресметка тој реши да го напушти шоуто и не се врати до крајот.
Нова.рс
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




