14 Декември, 2025
0.0444

Халкбанк го посветува месецот на штедење на финанскиска едукација за деца и млади

Објавено во: Мои пари 02 Октомври, 2023 10:22

Добивај вести на Viber

Буквар за финансиска писменост на деца и млади, видеа за финансиска едукација, мобилна учиница Халки се само дел од активностите кои ќе ги спроведе Халкбанк во текот на месецот на штедење - октомври. Целта на оваа кампања на банката е да им помогне на најмладите членови на нашето општество да стекнат основни знаења за најважните финансиски поими и да ги разберат позитивните аспекти на детското штедење.

„Наша обврска како банка е да им помогнеме на децата да научат нешто повеќе на оваа тема, која е особено важна, а не е доволно застапена во формалното образование. Токму затоа го одбравме октомври, меѓународниот месец на штедењето за да креираме неколку интересни активности и практично на забавен и интерактивен начин да придонесеме за поголема финансиска писменост. Важно е децата да се што е можно повеќе едуцирани, но и за нас банките,  важно е да градиме добро информирани нови генерации“, вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк.  

Букварот за финансиска писменост ќе содржи 31 термин, по еден за секоја буква од азбуката, преку кои децата од школска возраст ќе можат да научат што значат зборовите кои најчесто се користат во финансиската област. Во активностите ќе се вклучи и слончето Халки, препознатливиот симбол на детското штедење, кој ќе учествува во мобилните училници што ќе се организираат во неколку градови - Битола, Гевгелија и Куманово. Кампањата за финансиска писменост на деца и млади ќе заврши со низа активности во Градскиот парк во Скопје, кои ќе се одржат на 31 октомври, Меѓународниот ден на штедењето.

Дополнително, ќе биде распишан и литературен конкурс за деца, за најдобар краток расказ на тема „Мојата желба го обиколи светот“. На конкурсот право на учество ќе имаат сите ученици од петто до деветто одделение од основните училишта во Македонија. Најдобрите пет раскази ќе добијат Халки штедни книшки и почетна сума за штедење.

Слончето Халки и Халкбанк се верни пријатели на децата и младите и постојано спроведуваат општествено одговорни активности за нивна поддршка, кои главно се насочени кон едукација на децата и поттикнување на нивната креативност и творечка енергија. Како дел од овие активности, досега се организирани повеќе од 100 работилници низ целата држава, на кои имаат учествувано илјадници деца. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија