Halk EZ пакетот за млади на Халкбанк прилагоден на нивниот стил и животни навики
Објавено во: Мои пари 11 Јуни, 2024 12:32
При изборот на банка, одлучувате за многу повеќе од само избирање на место каде што ќе ги чувате вашите финансии.Избирате партнер кој ќе биде ваш вистински пријател и долгорочен поддржувач. Банката што ќе ја изберете денес може да игра клучна улога во обликувањето на финансиската иднина на вашето дете. Затоа, одберете банка која нуди финансиски пакети и решенија за сите генерации, олеснувајќи го секојдневието при извршувањето на едноставни финансиски трансакции и притоа внимавајќи на корпоративната општествена одговорност.
Избирањето банка што ќе биде вистински пријател и поддржувач на развојот на младите е клучен чекор за нивната финансиска стабилност и успех во иднина. На младите покрај тоа што им е потребно да имаат безбедно место за своите финансии, потребно им е и да се стекнат со знаења и вештини со кои ќе се подготват за животните предизвици што се пред нив. Денешните млади генерации се технолошки писмени, па затоа тие преферираат банкашто нуди модерни дигитални услуги.
Следејќи ги потребите на младите и нивниот динамичен стил на живот, Халкбанк АД Скопје креираше нов банкарски пакетHalk EZ, кој што е прилагоден на стилот и животните навики на еден современ млад човек. Покрај низата финансиски услуги и поволности, пакетот претставува и платформа за едукација, забава, дружење и вмрежување, а идејата е Halk EZ да прерасне во платформа штоќе овозможи сосема поинакво, брзо и лесно банкарско искуство.
Пакетот Halk EZ (Halk Easy) претставува иновативен банкарски пакет штонуди голем број поволности и динамични содржини за сите корисници на возраст од 16 до 24 години. Пакетот нуди бесплатно мобилно и електронско банкарство, Visa PayWave дебитна платежна картичка без надоместок за годишна членарина, со која може да се повлекува готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење на истата, и низа иновативни услуги какоGarminPay,SmartSend и SmartCash. Пакетот е креиран за да одговара на секојдневните потреби на сите млади луѓе, студенти, средношколци и млади претприемачи кои водат брз и динамичен живот и ги користат дигиталните технологии.
Дополнително, како дел од оваа иницијатива, Халкбанк ќе поддржува и поттикнува финансиска едукација на младите, културно-забавни настани и активности, како и корисни општествено-одговорни практики, пред сè во делот на заштита на животната средина.
Halk EZ има и посебна брендинг приказна чиј главен мотив е фонтаната Лотос во Градскиот парк во Скопје, како локација која со генерации претставува синоним за дружење и социјализација на младите. Со новиот брендинг ќе бидат креирани и Visa Halk EZ картички кои во наредните месеци ќе ги добијат сите корисници на пакетот.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




