Хакнати над 400 милиони швалери на секс мрежата Friend Finder
Објавено во: Свет 14 Ноември, 2016
Над 400 милиони профили на мрежата Friend Finder најверојатно се хакнати и пробиени се информации за корисниците со нивните имиња, мејл адреси, па дури и сексуални преференци. Friend Finder мрежата е составена од повеќе сајтови за наоѓање на сексуални услуги, врски за една ноќ и секако за „швалерисување“ бидејќи таквите услуги се нудат на посебни профили.
Анонимните хакери тврдат дека во базата на податоци има 5000 владини мејл адреси на корисници и дури 78 илјади воени мејл адреси. Хакнати се повеќе сајтови меѓу кои и cams.com на кој се емитуваат секс камери во живо, како и Penthouse.com. 15.000 профили биле избрашани, но податоците за корисниците се уште се чувале во базата.
Од Friend Finder се уште не го потврдиле скандалот, туку само соопштија дека добиле повеќе жалби за повреда на приватноста, но дека ќе го истражат случајот. Доколку навистина се хакнати над 400 милиони профили хакерите ќе може лесно да ги уценуваат корисниците, особено тие кои сајтовите ги користеле за изневерување на партнерите.