26 Април, 2024
0.0321

ГУВЕРНЕРКАТА СМИРУВА- нашите банки се отпорни на било какви шокови, па и на корона

Објавено во: Финансии 12 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Нашите банки се отпорни на можни шокови, вели гувернерката Анита Бежовска.

Таа нагласува дека билансите на банкарскиот систем упатуваат на здрави фундаменти.

„Во 2008 година, кога глобалната економија се соочи со криза, адекватноста на капиталот на нашите банки беше пониска отколку сега – тогаш изнесуваше околу 16 отсто, а сега е 17 проценти, што претставува простор за справување со евентуални шокови. Ликвидноста, исто така, сега е повисока отколку во преткризниот период во 2008 година, а многу е важно што и профитабилноста на банкарскиот систем е на солидно ниво, бидејќи ако има потреба за докапитализација заради поддршка на кредитната активност, банките имаат интерен потенцијал да ја обезбедат“. 

Ова го истакнала гувернерката во синоќешното издание на емисијата „Економски магазин“ на телевизијата Алсат-М.

Таа нагласила дека сега, квалитетот на активата на банкарскиот систем е многу подобар отколку во периодот пред последната глобална економска криза, што јасно се согледува преку пониското учество на нефункционалните во вкупните кредити. Како што кажа таа, тоа се движи околу 4,8 отсто со што на регионално ниво, во споредба со другите економии, е и едно од најниските учества на нефункционалните во вкупните кредити.

Сето ова, како што кажа гувернерката, претставува илустративен показател дека банкарскиот систем на нашата земја е отпорен на потенцијалните шокови, меѓу коишто се и можните ефекти врз економијата од ширењето на вирусот ковид-19 на глобално ниво.

Ангеловска-Бежоска подетално се осврна и на можните ефекти на ширењето на вирусот врз глобалната економија, пред сѐ заради значењето коешто го има кинеската економија за глобалните економски движења.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат