25 Април, 2024
0.0265

Гувернерката Бежоска за Фактор: Остануваме на препораката банките да не делат дивиденди

Објавено во: Економија 31 Март, 2020

Добивај вести на Viber


Народната банка останува на препораката што ја даде минатата недела, банките да не носат одлуки за исплата на дивиденда од добивката за лани. Гувернерката Анита Ангеловска Бежоска во изјава за Фактор вели дека нејзината сугестија била повеќе од претпазливост - банките да останат високо капитализирани и во време кога светот па и земјата се соочуваат со сериозен економски предизвик. Две банки, односно Комерцијална банка и ТТК банка сепак известија вчера дека ја поделат како дивиденда заработката од лани и дека тоа е одлука на поголемиот дел од акционерите. Гувернерката смета дека тоа не е голем проблем, но за Фактор вели дека најверојатно другите банки ќе се однесуваат согласно препораката и нема да носат одлуки за поделба на дивиденда.

„Банките во основа се високо капитализирани, секторот ликвиден е, а активата е квалитетна. Нашата препорака беше од аспект на тоа дека треба да сме претпазливи. Затоа сметам дека повеќето банки ќе се однесуваат согласно оваа препорака. Кај тие што одлучиле да делат дивиденда постапката на одлучување кај акционерите веќе била почната и одлучувањето не можело да се запре, вели Бежоска за Фактор.

Комерцијална банка извести нераспределената добивка од 2019 година се распоредува на 553 милиони денари за резерви на банката со која се зголемува нејзиниот капитал и 1.253 милиони денари за дивиденда на акционерите на Банката. Тоа вели Бежоска е важно, затоа што според објавата, не се дели целата добивка како дивиденда за акционерите. Слична одлука донесе и ТТК банка, а оттаму известија дека издале две корпоративни обврзници поради што и се високо капитализирани. Од НЛБ банка вчера соопштија дека го откажуваат собранието на акционери како што рече Владата но дека дивиденда нема да се дели.

Во препораката од Народната банка беше наведено дека од банкарите се очекува како и досега, да покажат високо ниво на прудентност, вклучително и при носењето на одлуките за распределба на добивката остварена минатата година. НБМ ги извести нивните надзорни и управни одбори дека како надлежен регулаторен и супервизорски орган очекува добивката остварена во измината година да се стави во функција на натамошно зголемување на капиталот и финансискиот потенцијал на банките и над минималните законски и супервизорски барања, односно за градење дополнителен простор над нив.

Гувернерката сега за Фактор вели дека очекува повечето да постапуваат согласно укажувањето.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?