05 Мај, 2024
0.0226

Групацијата Макпетрол лани остварила приход од фантастични 300 милиони евра!

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Од каде заинтересираноста на странските компании за Макпетрол? Одговорот е едноставен. Групата Макпетрол е можеби најдоходовна во Македонија, со приходи кои надминуваат 300 милиони евра годишно. Што е исто така значајно, главно станува збор за пари кои фирмата ги генерира во готовина, од бензинските станици. што значи нема проблем со ликвидноста. Лани групата „Макпетрол“ (значи малопродажба на деривати, продажба на возила, компјутери, национална телевизија и други деловни активности што обединува групата) генерирала 18,44 милијарди денари кеш. Тоа е вкупниот приход. Фирмата секојдневно просечно лани имала приход од 50,5 милиони денари што е речиси 900.000 евра дневно. Во 2014 година износот на вкупните приоходи бил 20,43 милијарди денари, а претходната година 21,3 милијарди денари, малку повеќе од лани. Намалените вредности се резултат на падот на малопродажните регулирани цени на дериватите и на губењето на позициите на „Макпетрол“ во борба со конкуренцијата. „Макпетрол“ во секој случај е еден од најголемите генератори и агрегатори на кеш во македонскиот финансиски систем. Тоа значи исклучително поволни услови во преговори со банките на нашиот пазар кои сакаат да го опслужуваат „Макпетрол“. Во групата Макпетрол се специјализираното транспортно друштво ОИЛКО кое има над 80 релативно нови возила за превоз на запалливи материјали. Националната телевизија „Телма“ , чиј рејтинг е во значаен пораст. Макпетрол има лиценци за продажба и увоз за компјутерите „Делл“ и за возилата „Хонда“.  

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години