02 Јуни, 2024
0.0285

ГРУЕВСКИ ЗА ПОПИСОТ: Стандардите на Еуростат и изреката ,,трипати мери еднаш сечи“ се најважните работи

Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Eкс премиерот Никола Груевски кој е во Унгарија каде доби политички азил, се огласи на Фејсбук за пописот.

„Принципот на ,,четири очи“, највисока досега транспаретност, инклузивност и технологија, стандардите на Еуростат и изреката ,,трипати мери еднаш сечи“ се најважните работи кои треба да се имаат на ум кога станува збор за спроведување на следниот попис во Македонија. Државните пред партиските и личните интереси. Само чесен приод и чесни намери на сите учесници може да резултира со успех, но и силен надзор и контрола. Секое одбегнување надзор и контрола од организаторот ќе внесе сомнеж и недоверба уште во рана фаза. Само кристално ,,чист“ попис може да е успешен и признаен од сите. Искуствата од минатото, од пред седум и пол години треба да се водилка кон одбегнување на истите проблеми, за проблемите да не се повторат.  Луѓето го спроведуваат пописот. Нивниот интегритет, чесност и независност, пред сè. Заради уставните одредби кои произлегоа од Охридскиот рамковен договор, во Македонија освен статистичка операција, има и сериозна политичка важност“, напиша Груевски кој е во Будимпешта.

ВМРО-ДПМНЕ има забелешки околу начинот на кој ќе се врши пописот. 

Партијата побара да нема попишување на матични броеви на пописот во 2020 откако најави можно бојкотирање на статистичката операција доколку предлог-законот кој од Владата влезе во Собранието биде донесен по скратена постапка. 

Можеби ќе ве интересира

Талат Џафери и министерот Демири ќе земат по две плати

Талат Џафери и министерот Демири ќе земат по две плати

Се апси низ Македонија за кражби на струја

Се апси низ Македонија за кражби на струја

Мицoтакис: Мицкоски да користи „Северна Македонија“ за внатрешна употреба

Мицoтакис: Мицкоски да користи „Северна Македонија“ за внатрешна употреба

Убиство во тетовско Боговиње: Дошол со БМВ и го застрелал во хотел

Убиство во тетовско Боговиње: Дошол со БМВ и го застрелал во хотел

Повторно протекоа одговорени прашања од државната матура

Повторно протекоа одговорени прашања од државната матура

Гаши: Не сум прекршил ништо, тоа беше техничка одлука

Гаши: Не сум прекршил ништо, тоа беше техничка одлука

Обвинителството со истрага за седум дилери, од вкупно 28 кои ги уапси МВР

Обвинителството со истрага за седум дилери, од вкупно 28 кои ги уапси МВР

ТУНТЕВ ПОДНЕЛ ОСТАВКА ОД ДИРЕКТОРСКАТА ПОЗИЦИЈА ВО АЦВ - раководи со оваа институција од 2019 година, доби и втор мандат

ТУНТЕВ ПОДНЕЛ ОСТАВКА ОД ДИРЕКТОРСКАТА ПОЗИЦИЈА ВО АЦВ - раководи со оваа институција од 2019 година, доби и втор мандат

И АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ - не може да бидат и премиер, министри и пратеници, еве што велат за прекршителите

И АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ - не може да бидат и премиер, министри и пратеници, еве што велат за прекршителите