Груевски со интервју за српски Пинк: Политичкиот прогон е срам за Македонија
Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2019 21:41
Се среќаваме со серизен политички проблем во Македонија од страна на актуелната власт, вели во ексклузивно интервју за телевизија Пинк, екс премиерот Никола Груевски кое сеуште трае.
Од страна на актуелната власт во Скопје постојат обиди Србија некако да се вплеткани во заминувањето на Груевски од Скопје. Груевски од Македонија ја напуштил како слободен човек, а потоа таа држава ретроактивно покрена обвинение дека би можела да го убеди нардот како тој бегал од правдата, пренесува истоимената телевизија.
Во првото интервју за странски медиуми екс премиерот изјавил дека Србија нема врска со неговите одлуки.
-Од Тирана, преку Црна Гора и Србија стигнав во Унгарија. Како што веќе е познато, превозот ми е обезбеден од страна на ѕнгарската дипломатија. Кога стигнав во Тирана, побарав политички азил, поради политички проблеми. После извесен период бев примен во амбасадата и бев известен дека ќе ми обезбедат превоз до унгарската граница, каде таа држава одлучи да ми даде азил поради политички проблеми - вели Груевски за Пинк.
Тој објаснува дека Унгарија е членка на ЕУ и НАТО , и дека во неа може да добие вид на престој, со кој е заштитен од понатамошен политички проблем.
Додава дека политичкиот прогон е голема срамота за Македонија, и дека не знае како понатаму властите планираат да зборуваат за функционална демократија, кога државата членка на ЕУ доделува политички азил на поранешен премиер поради политички проблеми.
-Се среќаваме со сериозни политички проблеми од страна на актуелната власт-посочува Груевски.
Зборувајќи за гласањето за промена на уставот во Собранието и нудењето на аболиција на поединци од ВМРО ДПМНЕ од страна на мнозинството, Груевски вели дека тоа не се крие, туку веќе отворено за тоа се зборува.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




