03 Мај, 2024
0.0268

ГРЦИЈА ЅИДА СЛУЧАЈ „АКТОР“: Истрагата ќе дојде до официјални македонски претставници?

Објавено во: Економија 24 Март, 2015

Добивај вести на Viber

По речиси една година откако Јавното обвинителство покрена предкривична истрага за случајот “Актор”,  до денеска во јавноста не се соопштија информации за текот на истрагата. Во меѓувреме како што се наведува во најновиот извештај на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), а посветен на борбата против корупција, Грција веќе води истрага за случајот, за што лани летото побарала помош и од македонските надлежни иснтитуции.  Од македонска страна, од министерството за правда потврдија дека добиле барање за помош на Јавното обвинитеслтво во Атина и дека на 20-ти овој месец истото го препратиле до македонското Јавно обвинителство. -Замолницата за правна помош на Јавното обвинителство во Атина е примена во Министерството за правда и истата е процесирана до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Од страна на Основното јавно обвинителство во согласност со законот за Меѓународна соработка во кривичната материја, преку министерството за правда на Македонија на 20-јануари 2015 година, преку Министерството за правда, транспарентност и човекови права на Република Грција во Атина, известени се за преземањето на дејства од страна на Основното јавно обвинителство гонење на организиран криминал и корупција, велат од министерството за правда. Како што пренесуваат грчките медиуми кои се повикуваат на извештајот на ОЕЦД, Грција прво побарала помош од Македонија, и откако не добила одговор побарала во случајот да посредува Еуроправда. Јавното обвинителство потрвди дека до нив стигнало барањето но детали не  откриваат бидејќи се работело за комплексен случај. Но овбинителството велат дека до нив пристигнало барање од Еуроправда. -До овој момент во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција нема пристигнато никаво барање од страна на Европравда за соработка и правна помош во овој предмет. Ова обвинителство досега има остварено контакти со надлежните органи на Република Грција по барање за меѓународна правна помош.Со оглед на комплексноста на конкретниот кривично -правен настан ивоинтерес на истрагата, надлежното обвинителство не може да споделува детали со јавноста, велат од Јавното обвинителство. АКТОР осомничена дека дала поткуп во Македонија Медиуми во Грција објавија дека грчките надлежни институции покренале истрага против компанијата Актор,  за наводен поткуп на официјални претставници во Македонија за да ја добијат работата на делницата Демир Капија-Смоквица. Во извештајот на ОЕЦД на кој се повикуваат грчките медиуми со наслов “Случај изградба на автопат” стои дека Грција го детектирла случајот од статиите во медиумите испратени од страна на Работната група на ОЕЦД во мај лани. -Грчка градежна компанија наводно понудила поткуп на официјални претставници од ПЈРМ за да го добијат договорот вреден 270 милиони евра за изградба на автопат во таа земја. Градежните работи на Демир-Капија Смоквица почнаа во септември 2012 година, а грчката компанија го доби договорот иако имаше значително повисока понуда од околу 40 милиони евра во однос на конкурентите. Вклучени се филијала на грчката компанија во поранешната југословенска Република Македонија и поединци од Грција. Во Грција прелиминарната истрага за перење пари и мито  е во тек. Грција побарала правна помош од ПЈРМ во јуни 2014 годинадодека чека одговор на барањето, побарала за помош да посредува европскиот  Еуроправда, се наведува во извештајот на ОЕЦД објавен на 20-ти овој месец. Министерство за транспорт:Постапката беше транспарентна Од министерството за транспорт и врски информираа дека до нив  нема пристигнато известување дека се води истрага против градежната компанија Актор. Од министерството велат дека градежните активности на автопатскста делница Демир Капија-Смоквица се одвиваат согласно утврдената динамика и дека до сега се реализирани 58 % од вкупните градежни работи. „Градежната компанија Актор, тендерот го доби во една транспарентна постапка спроведена согласно правилата на Европската Унија. Доказ за потврда на транспарентноста на постапката е и одобрувањето на договорот од страна на Делегацијата на ЕУ во Р. Македонија, велат од Министерството за транспорт и врски. Минатата година СДСМ обвини за незаконско подигање милионски суми во кеш Лани СДСМ обвини дека грчки државјани подигнувале стотици илјади евра во готово од сметката на подружницата на Актор во земјава. Според документите до кои дошле на СДСМ, едно лице државјанин на Грција за само три месец извлекло 250.000 евра во кеш. Според трансакциите други 9 лица со исто презиме Константинос подигнале 313.000 евра, а 8 лица со исто презиме Димитриос подигнале 282.000 евра. Првите повлекување биле во мај, потоа јуни и јули 2013-та година.На овој начин според СДСМ, биле извлечени 3,5 милиони евра во кеш, од парите наменети за изградба на делницата. Опозиционерите тврдеа дека банкарските офицери на филијалата на Стопанска банка во Неготино каде што се вршеле трансакциите ја известиле Управта за финансиско разузнавање,  која почнала истрага, но ја прекинала по нечиј налог. Откако СДСМ ги изнесе наодите, УФР излезе со соопштение во кое посочи дека за случајот била отворена постапка уште во ноемри 2013-та година, но не откривале во интерес на истрагата. Од УФР тогаш изјавија дека се вршеле проверки и соодветни дејствија за обезбедување факти, докази и аргументи кои се од битно значење за понатамошното одвивање на целата постапка,  а за чиј епилог јавноста ќе биде соодветно информирана. И додека СДСМ тврдеа дека станува збор за перење пари, ВМРО ДПМНЕ ги негираше обвинувањата, и информираа дека проектот се реализира законски, и дека за динамиката и финансиите за проектот имаат и месечни состаноци со европските финансиери. Јавното обвинителство во март лани отвори преткривична истрага за случајот. Сметките на подружницата на Актор во земјва прво беа блокирани, па потоа деблокирани, а од обвинителството тогаш изјавија дека без разлика што сметките се деблокирани, истрагата ќе продолжи. По деблокирањето на сметките грчката градежна компанија „Актор“ објави дека ги продолжува работите на изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица од Коридорот 10. За случајот се заинтересира и еден од странските финансиери, Европската инвестициска банка. Тогаш на прашањето од Фактор, како ЕИБ ќе постапи по случајот откако обвинителството покрена преткривична постапка, од таму ни одговорија дека сите наоди за измама и корупција во врска со овој проект поддржан од ЕИБ се пријавени во Генералниот инспекторат на ЕИБ, кој ќе ги разгледа наодите во согласност со Законот за спречување на измама и политиката на ЕИБ (нулта толеранција кон измама и корупција) и во согласност со Истражни процедури и постапки. За сегашната истрага на Грција за случајот Актор, побаравме став од ЕИБ и од ЕБРД, но не добивме одговор. Уште кога се отвори случајот, експертите укажуваа дека истргата мора да има разрешница, за да се отсранат сите сомнежи за незаконски трансакции, но оттогаш до сега Јавното обвинителство не излезе со информации за истрагата . Т.С

Можеби ќе ве интересира

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување