14 Декември, 2025
0.5165

“ГРИН ЦИРК 25” НА ТМФ КАКО КАТАЛИЗАТОР НА ПРОМЕНАТА ЗА ЗЕЛЕНА ИДНИНА

Објавено во: Мои пари 30 Април, 2025 11:16

Добивај вести на Viber

Во организација на Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје се одржа Втората меѓународна конференција за зелено инженерство, одржливи материјали и технологии за циркуларна економија – ГРИН ЦИРК 25. Во периодот од 22 до 25 април 2025 година факултетот се претвори во сцена на иновација, ентузијазам и визија за подобра иднина.

Оваа меѓународна конференција ги обедини водечките умови од 14 земји ширум светот, меѓу кои Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Полска, Романија, Италија, Албанија, Бугарија, Франција, Словенија, Турција, Велика Британија и Тајван.

Конференцијата свечено започна на 22 април, симболично во чест на Денот на планетата Земја. Гостите ги поздрави деканот на ТМФ проф. д-р Стефан Кувенџиев кој изјави „ГРИН ЦИРК 25 е значаен настан и доказ за посветеноста на ТМФ во напорите да ја унапреди и промовира циркуларната економија и одржливите иновации.Се гордееме со фактот што ТМФ е дел од оваа важна глобална иницијатива и продолжуваме да работиме на создавање на зелена и одржлива иднина. Би упатил голема благодарност до научниот и организацискиотодбор кои докажаа дека тимската работа е суштински дел од успехот.“

Вредноста на конференцијата беше препознаена и од меѓународната академска заедница, а за ГРИН ЦИРК 25 пишува и Универзитетот Кембриџ. Покрај пленарните и стручни излагања на врвни експерти од светот, беа изложени 37 научни постери, претставувајќи иновативни истражувачки трудови на локални и интернационални стручни лица од областа на технологијата.

На 25 април, третиот работен ден, вниманието беше насочено кон младите иноватори во рамките на студентскиот Хакатон. Под темата Зелени идеи за ревалоризација на на био- и индустриски отпад“, десет тимови од Македонија и Србија презентираа свежи, оригинални и мошне креативни решенија за своите зелени идеи за ревалоризација на био- и индустриски отпадни материјали.Во атмосфера полна со енергија и позитивна конкуренција, студентите ја претставија својата визија пред стручно жири составено од еминентни претставници на индустријата, академијата и спонзорите на настанот.

Со одлична организација, врвни научни предавања и инспиративна младинска енергија, ГРИН ЦИРК 25 уште еднаш ја потврди својата важност за развојот на одржливото инженерство и иновациите насочени кон зелена иднина.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија