Грејната сезона продолжува до 30-ти април
Објавено во: Економија 17 Април, 2024
Грејната сезона ќе продолжи до 30-ти април, вели за ТВ 24 Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ). Веќе од утре корисниците на парно греење во градот Скопје ќе имаат топли радијатори.
„Додека имаме најава дека дека ќе имаме просечни температури 12 степени, апсолутно ЕСМ производство ќе си работи и ќе произведуива топлинска енергија а тоа значи граѓаните да бидат без грижа до 30ти април до кога се исполнети условите секогаш ќе имаме топлинска енергија“, вели Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
Оваа информација ја потврдија и од ЕСМ која е надлежна за парното греење во главниот град. Последниве два дена имаме пониски температури.