03 Мај, 2024
0.0259

ГРЦИТЕ НА НОЗЕ: Почнуваат серија штрајкови

Објавено во: Балкан 16 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Во Грција денеска штрајкуваат транспортните работници и новинарите. 

Во земјата нема да сообраќаат фериботите и останатите бродови, поради почетокот на 48-часовниот штрајк.  Ова е во знак на протест поради новите мерки на штедење што ги договорија Владата и кредиторите. 

24 часа ќе штрајкуваат и вработените во државните и приватните медиуми. Тие ќе одржат протестен марш во главниот град. 

Медиумските работници протестираат против „антинародните мерки“ за штедење што Владата прифати да ги направи со новиот договор со кредиторите, а кои вклучуваат и дополнителни намалувања на пензиите и зголемување на даноците.

Штрајкот на новинарите ќе трае до утре изутрина, кога тие ќе се приклучат кон утрешниот генерален штрајк во Грција, организиран од  синдикатите.

За утре е најавен и почеток на 48-часовен штрајк на лекарите и медицинскиот персонал, кои се незадоволни од најавите за намалување на трошоците за здравствениот систем.

Во среда земјата ќе биде парализирана од штрајкови, а нема да работат ниту училишта, болници, јавен превоз. 

Овие штрајкови се организираат во време додека во грчкиот Парламент трае дебата околу Предлог-законот за новите мерки за штедење, за кој пратениците треба да гласаат на 18 мај.

Атина се согласи да исплати долг од 3,6 милијарди евра, средства кои треба да се обезбедат со намалување на пензиите и давачките во државниот сектор и со зголемување на даноците. Согласно договорот, примената на овие мерки треба да започне по 2018 година, откако ќе истече сегашната програма за спас, и треба да бидат импементирани за две години. 

Од усвојувањето на новиот Предлог-закон ќе зависи дали на средбата на Еврогрупата на 22 мај ќе биде донесена одлука за исплата на нова транша од кредитите за спас на Грција. 

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД