Грција продолжува да трупа буџетски суфицит
Објавено во: Балкан 25 Февруари, 2017
Покрај нејасните преговори околу вториот преглед на спасувачката програма, Грција повторно успеа да го исполни задолженото во буџетот, станува јасно од официјалните податоци на Министерството за финансии.
Буџетот на земјата го завршува јануари со примарен суфицит од малку над 1,01 милијарди евра, при констатиран вишок од 670 милиони евра. Податоците покажуваат раст и спрема јануари 2016 година - тогаш грчката каса беше плус со малку над 1 милијарда евра.
Од податоците на Министерството за финансии е видливо дека приходите во јануари ги надминуваат поставените цели со 4,3% до 4,164 милијарди евра. Ова се должи на најдобрите даночни приходи - корпорации, ДДВ на горивата и цигарите, како и надоместоците за автомобили.
Владата потрошила со 137 милиони евра помалку од планираното за првиот месец од годината. Спрема јануари 2016 година, сепак има зголемување од 107 милиони евра, покажа уште статистиката. Трошоците за јавната инвестициона програма се само 27 милиони евра, што е со 118 милиони евра помалку од предвиденото.
Во 2016 година Атина успеа да го заврши буџетот со примарен суфицит во износ од 4,4 милијарди евра, што беше со 1,5 милијарди евра повеќе . Тоа и овозможило на владата да подари божиќни бонуси за најранливите пензионери и така да го ублажи гневот на доверителите.
На крајот мерката беше прифатена, но сега земјата не може да се разбере за барањата за нови ограничувања понудени од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).