Грчките фармери се заканија: Од утре ќе ги зголемат блокадите во земјата
Објавено во: Балкан 05 Февруари, 2016
Демонстрантите против пензиските реформи во Грција - фармерите се заканија од утре на пладне дека ќе ги зголемат блокадите на граничните премини, патните премини и аеродромите, ако властите не им понудат било какви отстапки, пишува весникот Kathimerini.
Решението е поддржано од учесниците во 62 блокади во земјата по шестчасовни преговори со претставници на властите.
Во четвртокот земјоделците ги кренаа повеќето патни блокади во Грција, за да им овозможат на демонстрантите да се приклучат на планираните протести.