13 Декември, 2025
0.0392

Грчкиот капитал влегува во уште еден македонски бизнис, ЕЛТЕК станува сопственик на „Машинокоп“

Објавено во: Економија 08 Јули, 2021 07:52

Добивај вести на Viber

Хеленик Експлозивс Технолоџи (ЕЛТЕК), грчка компанија од Гребен, која е најбрзорастечка во минерството и експлозиви на Балканот, е нов сопственик на „Машинокоп“, една од најуспените компании во рударството и воопшто во Кавадарци. Актот на превземање на дел од удел е извршен на 15 јуни.

„Машинокоп“ со добивка од 3,6 милиони евра и приход од 20,1 милиони евра е една од најбрзорастечките компании во нашата земја. Во споредба со една година претходно приходите нараснале за 17 отсто, додека добивката е зголемена за 44 проценти, а сега станува дел од новоформираната „ЕЛТЕК ЕПЕ“ Кавадарци.

Кавадаречката компанија е и позната по тоа што има и еден тендер за ископ на јаглен за потребите на РЕК Битола склучен во 2019 во висина од 5,3 милиони евра. Основна дејност на “Машинокоп” е површинска и подземна експлоатација на минерални суровини, со специјални рударски машини како и градежна механизација. Специјализација на компанијата се минерските работи, промет со експлозивни материи за стопански активности во рударството и градежништвото како и изградба на објекти, техничко испитување и анализа и подигање на згради кои спаѓаат во споредна дејност. Релативно новиот холдинг со 155 вработени, покрај ископ на руда,  може да работи и на пробивање, проширување и асфалтирање на патишта, но и на ископ на песок, чакал, камен.

Инаку ЕЛТЕК е најбрзо растечка компанија за трговија и производство на експлозиви на Балканот. Hellenic Explosive Technology (ЕЛТЕК) е основана во 2010 година со седиште во северна Грција, во Гребен.  Во своја сопственост има површина од 100 хектари со 14 модерни индустриски капацитети, магацини со вкупен капацитет од 700 тони суровина и 200 тони експлозив и со модерна и сертифициран возен парк.

Според она што го пишува за себе, ЕЛТЕК изградила брзо растечка трговска мрежа да ги задоволи барањата во Грција, Кипар, Албанија, Северна Македонија, Бугарија, Косово, Романија и Србија, додека истовремено бележи стабилно зголемување на продажбата од 25 отсто. Од таму велат дека постојано инвестираат во истражување на нови производи, во развој на современи и побезбедни хемиски состави и рударски процеси.

Експанзијата на превземање на македонските компании со грчки капитал продолжува со забрзано темпо, а растат и нивните инвестициски активности. Минатата недела беше објавено дека грчките газди на Енерџи Деливери Солушнс (ЕДС), компанијата која во земјава ја основаше и ја поседуваше поранешниот вицепремиер, бизнисменот Кочо Анѓушев, вбризгуваат нови 3,7 милиони евра во компанијата во Скопје.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?

ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?

ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола

Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија

Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија

Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот

Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот