03 Мај, 2024
0.0271

Грчки доктор загуби лиценца доживотно: Ги плашел ковид пациентите дека седум од десет умираат в болница

Објавено во: Балкан 11 Март, 2023

Добивај вести на Viber


Со одлука на Лекарското друштво на Магнезија, издадена во февруари 2023 година, доживотно му е одземена лиценцата за вршење на лекарска професија на грчки доктор, објави Катимерини, поради немање научен пристап кон Ковид19.

Во околината на Волос, крит и други региони одвраќал пациенти велејќи им дека „седум од десет умираат во болница“ и ги советувал да не се вакцинираат.

Одлуката е окарактеризирана од целата медицинска заедница како „без преседан“, и е првпат во историските анали, во сите лекарски здруженија на Грција, засекогаш да се отстрани лиценцата на лекар за вршење на својата должност. 

Патологот во тоа време бил суспендиран поради неговите ставови против вакцинација а набргу првата жалба против 74-годишниот патолог била упатена до Лекарското здружение на Магнезија, во декември 2021 година. 

Оттогаш и до февруари 2023 година, против него дисциплинското тело на Лекарското друштво од Магнезија донело четири решенија, две со опомена и парична казна и две други кои стигнале до Врховниот дисциплински совет на Панхеленското лекарско друштво.

Според поплаките, приватниот лекар им давал коктел од антибиотици, витамини и аспирин на пациенти кои биле тешко болни од коронавирус, притоа велејќи им дека ако одат во болница ќе умрат. 

Одел во домашни посети и на интернет-блогови споделувал содржина против вакцинација, а давал и телефонски совети.

Според жалба на една жена, упатено до Лекарското друштво на Магнезија и до јавното обвинителство на Крит, неговите совети предизвикале смрт на нејзината мајка.


Можеби ќе ве интересира

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија