26 Април, 2024
0.0284

Грчката дијаспора бара истрага за измама тешка 650 милјарда долари

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Грчката дијаспора во Северна Америка предупредува на можна измама, откако група активисти најавија дека собрале неверојатни 650 милијарди долари за да го отплатат долгот на Грција, и на Кипар. Се започнало од тврдењата на американскиот хирург со грчко потекло Емануелис Ламбракис кој  заедно со група негови соработници, успеале да соберат 650 милијарди долари, кои се подготвени да и ги позајмат на Република Грција за да ги врати долговите кон европските влади и Меѓународниот монетарен фонд. За возврат, Ламбракис побарал избори и истрага каде биле потрошени парите. Спред Ламбракис грчки стопанственици од САД и Канада веќе ги собрале овие пари и ги депонирале во банки во Канада, заедно со уште 50 милијарди долари кои се нуди да и му ги позајми на Кипар на 100 години. - Ќе одиме директно во ММФ и во Европската централна банка. Целта на овој проект е да го отплатиме грчкиот долг и веќе ќе ја немаме Тројката, ќе ја немаме Меркел да ни кажува дека сме мрзливи или дека треба да го сториме ова или она, вели Ламбракис во едно од телевизиските интервјуа во кои го најавува својот проект. На понудата на Ламбракис и обвинувања, реагирал Герг Папс кој тврди дека дека се работи за измама за лековерните, се јави  Грчкиот новинар од Чикаго потсетува дека сумата за спас на Грција која ја наведува Ламбракис е еднаква на проценетата вредност на компјутерскиот гигант Епл, или на американскиот одбранбен буџет. - Целата вредност на најбогатите Грци во САД и во Канада не може да биде поголема од неколку десетици милијарди долари, а никако не може да стигне до 600 милијарди, вели Папас. Сепак, и Папас во своето предупредување во врска со собирањето на донации од страна на Ламбракис, вели дека постојат и легитимни проекти за собирање пари од дијаспората за исплаќање на грчкиот долг.  

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9