26 Април, 2024
0.0311

Граѓаните да не се грижат, за Велигден ќе има јагнешко, но ќе биде поскапо

Објавено во: Македонија, Агробизнис 23 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Граѓаните да не се грижат, за Велигден ќе има јагнешко месо, но ќе биде поскапо, вели Скендер Аме, претседател на Здружението на сточари „Дешат“ од Дебар.

Сепак, објаснува дека количините нема да бидат како претходните години, затоа што македонските јагниња завршија на европскиот пазар за католичкиот Велигден. Најголем дел се извезени во Италија и Хрватска. Ова е добро за сточарите, но граѓаните за да набават јагнешко ќе треба да одвојат повеќе пари од семејниот буџет. Аме вели дека домашното јагне стандардно се бара на македонскиот пазар за празникот Велигден.

„Килограм јагнешко месо достигна 350 денари, а жива мера го плаќаат по 180 денари. За овој Велигден месото ќе биде поскапо за граѓаните за разлика од претходните години. Пред 2-3 години јагнешкото месо имаше поволна цена за граѓаните. Треба да се направи мерка со која ќе има јагниња и за извоз во странство, но и да остане за домашниот пазар“, вели Аме.

Тој објаснува дека дел од граѓаните купуваат јагниња директно од сточарите. Вели дека само од околината на Дебар и Центар Жупа на европскиот пазар годинава завршиле 20.000 јагниња, а за домашниот пазар ќе останат од 2.000 до 4.000 јагниња.

Од месарниците велат дека граѓаните купуваат јагнешко месо неколку дена пред празникот, за семеен ручек.

„Купуваат однапред, не чекаат ден или два пред празникот. Некој зема бут, некој  половина јагне. Цената е висока, од 350 до 380 денари зависи од месарница до месарница. Има луѓе кои ќе влезат и ќе прашаат колку чини, по што ќе си заминат“, објаснуваат од скопска месарница.

Вообичаено пред секој празник од граѓаните има поплаки дека се качуваат цените не само на месото, туку и на овошјето и зеленчукот. Секое покачување ги „удира“ граѓаните по џеб. Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, просечната плата во февруари изнесувала 27.948 денари. 

Сања Атанасовска

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени