19 Декември, 2025
0.2475

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЦЕТИЊЕ ЌЕ БАРА ОСТАВКИ: Поради масакрот ќе бара и повеќе полицајци во градот

Објавено во: Балкан 05 Јануари, 2025 16:02

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на црногорскиот град Цетиње Никола Ѓурашковиќ, свика одржување на итна седница на градското собрание поради трагедијата што се случи на 1 јануари годинава, во која жител на градот уби 12 луѓе и рани 4, пренесува српска Политика.

Се очекува да предложи оставка на политичкото раководство на безбедносниот сектор, како чин на преземање објективна одговорност.

Најави дека на седницата ќе побара спроведување на независна меѓународна форензичка истрага која опфаќа реконструкција на настаните за да се утврди евентуална лична одговорност и конкретни пропусти во работата на безбедносниот сектор.

Ќе побара и формирање на Центар за безбедност во Цетиње, како и зајакнување на кадровските и техничките капацитети, зголемување на бројот на полицајци и воведување на маалски полицајци согласно стандардите на Европската Унија.

Додаде дека ќе побара воспоставување на модерен систем за видео надзор на територијата на целиот град, како и формирање специјални оперативни тимови на ниво на здравствени, социјални и градски институции и полицијата, чија задача ќе биде да го препознаат девијантното однесување на граѓаните. Убиецот Ацо Мартиновиќ кој по масакрот се застрела себеси, имал психички проблеми. 

Пред две години нивниот сограѓанин Вук Бориловиќ изврши масакр, по што полицијата го уби. 

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен