ГРАДЕЖНИКОТ ВО ФАРМАЦИЈАТА: Азманов со Настел влезе во Реплек, плати над 2,5 милиони евра
Објавено во: Економија 19 Јули, 2021 13:44
Компанијата Настел на бизнисменот Зоран Азманов влегува во Реплек.
Друштвото објави денеска дека сега Настел поседува над 5 отсто од обичните акции односно дека компанијата Настел ДООЕЛ Скопје се стекнала со вкупно 1.543 обични акции или 5,95 отсто.
МИнатата недела на берза поминаа две блок трансакции со акции на Реплек. Во првата, од 14 јули истргувани се 1.000 акции, а купувачот за сите плати 100 милиони денари односно 100.000 денари по акција. На 16 јули помина блок трансакција од 500 акции за 101.000 денари за една, или вкупно 50,5 милиони денари. Вкупно акциите вредат речиси 2,5 милиони евра.
Со дополнителните акции кои ги поседува над овие 1.500 акции, впрочем тој платил повеќе од 2,5 милиони евра за да влезе во ова друштво.
А.Т.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје





