28 Септември, 2020
0.0212

Градежна година: На кој му се раздени, кому му се стемни?

Објавено во: Економија 26 Март, 2020

Двете најголеми градежни компании лани имаа дијаметрално спротивни години. „Гранит“ веројатно книговодствено гледано ја има најуспешната година во последните две декади, а приходите и ангажманите на „Бетон“ во слободен пад – речиси преполовени. Веројатно е до цикликата на градежниците која се генерира од отворени или привршени проекти. Заедничко за двата градежни џина и „трејдмарк-и“ на македонското градежништво е тоа што немаат работа надвор и целосно биле зависни од домашниот пазар. Очигледно е , како што веќе пишувавме, дека многу поисплатив е бизнисот на помалите градежни компании кои градат згради особено на територијата на Град Скопје

„Гранит“ лани забележа една од своите најуспешни финансиски години. Најголемата домашна градежна компанија специјализирана за нискоградба лани оствари оперативна добивка од 2,7 милиони евра што е за 47 отсто подобро од 2018 година, нето добивка од 3,1 милиони евра што е за 24 отсто подобро од лани и сеопфатна добивка од 6,06 милиони евра благодарение на пазарната вредност на нејзините осумдесетина илјади акции во „Комерцијална банка“.

„Гранит“ лани оствари оперативни приходи во износ од 86,9 милиони евра што е за 36 отсто подобар резултат од 2018 година и приходи од продажба од 81,2 милиони евра што е за 41 отсто подобро од претходната година. Навистина резултати за почит. Единствена слабост на компанијата е кусокот на оперативна дисперзијата односно огромната изложеност кон домашниот градежен пазар – приходите остварени дома изнесуваат 81,2 милиони евра. Залихите на Гранит на крај на 2019 година вределе 7 милиони евра и се за половина милион евра повисоки од 2018 година.

Оперативните расходи на компанијата изнесуваат 84,7 милиони евра, а во нив најголема расходна ставка се услугите со карактер на материјални трошоци кои однеле 38,8 милиони евра и се зголемени за 75 отсто во однос на 2018 година. Овој резултат „Гранит“ го остварил со намалени трошоци за вработени за 13 отсто во однос на 2018 година. Лани за вработените целиот трошок изнесувал 12,3 милиони евра. Трошоците за суровини и материјали лани биле 15,9 милиони евра и пораснале за 9 отсто во споредба со 2018 година. Соодносот на финансиски приходи и финансиски расходи кај „Гранит“ е позитивен и тоа за 821.000 евра.

„Бетон“ имаше тешка година. Неговите оперативни приходи лани изнесувале 21,7 милиони евра и паднале за 40 отсто во однос на претходната година. Приходите од продажба биле 20,4 милиони евра и тие се пониски за 49 отсто. Преполовена е и залихата од почетокот до крајот на годината кога изнесувала 870.000 евра. Оперативните расходи на втората најголема градежна компанија специјализирана за високоградба, а особено за брани и мостови лани биле за 40 отсто пониски од 2018 година и изнесувале 20 милиони евра. Оперативната добивка е 60 отсто пониска и изнесува 500.000 евра. Заради негативната разлика меѓу финансиските приходи и финансиските расходи од 290.000 евра добивката на оваа компанија лани е 217.000 евра што е пад за 57 отсто во споредба со претходната година.

Обврските на „Бетон“ Скопје лани биле 24,7 милиони евра, а на „Гранит“ изнесувале 63,2 милиони евра. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

За викендот без ДДВ може да потрошите најмногу 30.000 денари

За викендот без ДДВ може да потрошите најмногу 30.000 денари

ДДВ ќе се плаќа седум дена по поднесување на пријавата

ДДВ ќе се плаќа седум дена по поднесување на пријавата

Сите мерки од четвртиот пакет: Кој во која категорија спаѓа?

Сите мерки од четвртиот пакет: Кој во која категорија спаѓа?

Мицкоски: Четвртиот пакет мерки ќе ја продлабочи кризата - економијата пропаѓа

Мицкоски: Четвртиот пакет мерки ќе ја продлабочи кризата - економијата пропаѓа

Третина од антикризниот пакет е од буџетот: Македонија ќе позајмува пари

Третина од антикризниот пакет е од буџетот: Македонија ќе позајмува пари

Државата ќе дава и до 21.776 денари по вработен во фирмите: Помош за октомври, ноември и декември

Државата ќе дава и до 21.776 денари по вработен во фирмите: Помош за октомври, ноември и декември

Усвоено: 6.000 денари на картички добиваат пензионери, невработени, студенти - вкупно 280.000 луѓе

Усвоено: 6.000 денари на картички добиваат пензионери, невработени, студенти - вкупно 280.000 луѓе

ВО ЖИВО: Заев ќе ги презентира новите антикризни мерки

ВО ЖИВО: Заев ќе ги презентира новите антикризни мерки

Бесими за етничките вработувања: И во Гугл главниот извршен директор е од Индија

Бесими за етничките вработувања: И во Гугл главниот извршен директор е од Индија