25 Април, 2024
0.1617

Град Скопје со еден потег го премина Центар во задолжување

Објавено во: Економија 23 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Град Скопје за прв пат во историјата ќе се задолжи кај домашна деловна банка. Владата му одобри да побара долгорочен кредит кај Комерцијална банка во износ од 766 милиони денари. Со тоа Град Скопје ја надмина Општина Центар по задолжување кај приватни домашни кредитори.

Намена за финансирањето за време на епидемилошката криза е за проектот: „Изградба и реконструкција на локални патишта“, а кредитот ќе се исплаќа за 84 месеци со вклучен грејс период од 24 месеци под збир од референтната каматна стапка и каматна маржа од 0,8 процентни поени на годишно ниво. Градоначалникот Петре Шилегов уште во април по донесувањето на рестриктивните мерки кои ја погодија македонската економија најави дека Град Скопје ќе земе кредит, за да може домашните фирми да работат на изградба на улици, мостови и комунална инфраструктура. 

До сега Град Скопје никогаш не подигнал кредит од домашна деловна банка, а единствено во последните осум години тоа им успеало на неколку општини, каде што лидер е Општина Центар. Потребите на локалните самоуправи од овие заеми во главно се за изградба на катни гаражи, училишта, патишта и улици и други објекти.

„Советот донесе одлука за задолжување на Град Скопје со заем кај финансиска институција, во износ од 766.000.000 денари, наменет за изградба и реконструкција на локални патишта. Со нова одлука, беа допрецизирани условите за ористење, каде е усвоено дека: „Се дава согласност за обезбедување на побарувањето на Комерцијална банка АД Скопје по договор за одобрување на долгорочен кредит, Град Скопје да издаде 3 (три) бланко сопствени акцептирани меници со менична изјава-согласност Банката да ги пополни и употреби за наплата на своите побарувања без протест, уредени со Нотарски акт и клаузула за извршност-акцептирани и трасирани од Град Скопје."

Со оваа измена се овласти градоначалникот во име на Градот да го склучи Договорот за долгорочен кредит на износ од 766.000.000 денaри, со рок на враќање од 7 години, со вклучени 2 години грејс-период и да го потпише пред нотар Нотарскиот акт за меници со својство на извршност, акцептирани и трасирани од Град Скопје, како и сета останата документација потребна за предметната работа за пред надлежен нотар и пред Банката“, гласи одговорот од Град Скопје за начинот на задолжување.

Општина Центар до сега се има задолжено со околу 7,5 милиони евра кај Комерцијална банка и тоа со 4.826.000 во 2016 и 2.960.800 евра во 2013. Со овој првиот е изградено училиштето „Киро Глигоров“ во Капиштец, а со вториот, иако во спорни околности, се гради катната гаража кај поранешна НИП „Нова Македонија“.

Од 2014 клиент кај Комерцијална банка е и Општина Карпош со долгорочен кредит во износ од 160.000.000 денари. Следува Општина Илинден со вкупно 1,7 милиони евра кај Халкбанк и тоа со 1.134.500 евра во 2015 и 569.000 евра во 2012.  Во 2011 во сегашна Халкбанк, тогаш Извозна и кредитна банка, се задолжи Кисела Вода со долгорочен револвинг кредит во износ од 50 милиони денари, а најмалку до сега има подигнато Гостивар во 2016 со 382.000 евра повторно кај Комерцијална банка.

А.К.




Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија