Град на млади во кој скоро и да нема невработени
Објавено во: Балкан 24 Февруари, 2017
Просечниот жител на Запрешич во Хрватска има 35 години, а невработени се само 4.6% од граѓаните, што значи дека секој кој сака може да работи.
Овој град има добра бизнис клима, а плус за него е и близината со Загреб. Ова е „најмлад град“ во Загребската жупанија кој е роден во 1995 година.
Претходно тој бил дел од Загреб. Многу внимание е посветено на малите и средни претпријатија на кои им е потребна помош секојдневно.
Во градот најмногу се вложувало во трговија, а во индустрија. Имаат австриска инвестиција вредна 300 милиони евра, а се очекува и шпанска инвестиција.
Најголем дел од инвестициите се реализирани во последните три години, а за оние профили за кои нема кадри, луѓето се праќаат на обуки во странство.
Запрешич е град кој за 20 години го дуплирал населението и сега има 30.000 жители.
Неговата традиција на претприемништво е долга, а тука се одржува и еден од најголемите саеми.
За подобар живот на населението се гради куглана и се работи на културно - туристички план.