15 Декември, 2025
0.1721

ГРАБЕЖИ, ПРИТИСОК, ТЕРОР, ЗАПЛАШУВАЊЕ, УБИСТВО: Српските медиуми му направија листа на злодела на Курти оваа година

Објавено во: Балкан 28 Септември, 2023 12:33

Добивај вести на Viber

Српските медиуми му направија список на Курти за сите злодела што според нив им го направил Курти.

Србија данас, објави детална хронологија на настаните за оваа година.

„ За тоа колку српскиот народ е изложен на притисоци и напади говори и бројот на испукани и фрлени бомби, а тоа само во текот на оваа година. Од јануари годинава до сега има осум ситуации кои прераснале во пукотници и во многу од нив се ранети Срби или им е нанесена голема штета на имотот.

Хронолошки нарачани напади врз Србите на Косово и Метохија:

6 јануари - Албанец пукал во Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21) во Готовуша додека носеле елка и им нанел прострелни рани.

23 јануари - Припадници на РОСУ пукале во автомобилот во кој се наоѓале Душан С. и Миљан Д., кој бил погоден со куршум кај мостот Бистрица.

26 јануари - Истрели во воздух од албанско возило во движење во мултиетничката населба Суви До.

3 февруари - Маж од албанска националност испукал неколку куршуми од автомобил во движење во Грачаница.

10 април - т.н Косовската полиција пукала во Милан Јовановиќ (39) од Звечан, во близина на дивиот пункт на мостот Бистрица и му нанела прострелни рани над клучната коска.

16 мај - Непознати лица пукале од автомобил кој се движел кон српското училиште во Угљар.

26 мај - Повеќе од 10 Срби беа повредени во напад на единиците на РОСУ и припадниците на т.н. на косовската полиција при насилен упад на северот на Косово.

29 мај - За време на немирите во Звечан, кога вооружените сили го нападнаа српскиот народ со голи раце, беа повредени 52 Срби. Тешко е ранет Драгиша Гаљак, кој бил погоден со два куршуми одзади, а Драгиша Миловиќ и Часлав Софронијевиќ се здобиле со тешки повреди.

5 август - Експлозивна направа е фрлена на имотот на пратеникот од Српската листа Зоран Максимовиќ од Ранилуг.

22 септември - Експлозивни направи беа фрлени врз куќите на претставници на Српската листа во Косовско Поморавље - во куќите на Срѓан Ристиќ и Зоран Ристиќ во Ранилуг и на Владица Аритоновиќ во селото Глоговце.

24 септември - Во престрелка со таканаречената косовска полиција во Бањска, загинаа Иван М. и Бојан М. од Лепосавиќ, како и Стефан Н. од Звечан. Исто така, во размената на оган е ранет и Србинот В.Т., кој судот во Приштина му одредил притвор“, пишува медиумот.


Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството