ГОТОВО Е: „СКОПСКИ ПАЗАР“ МУ ГО ПРОДАДЕ ОБЈЕКТОТ БРИКОЛАЖ НА ЛИДЛ ЗА 9 И ПОЛ МИЛИОНИ ЕВРА - ова се деталите
Објавено во: Економија 12 Јуни, 2024 08:12
Преку информација на Берзата, потврдена е информацијата за која Фактор пишуваше уште пред подолг период.
Имено, Скопски пазар му го продаде објектот на Бриколаж на германскиот синџир маркети Лидл, за сума од над 9 и пол милиони евра.
Тоа компанијата го објави како голема зделка со заинтересирана страна.
Всушност, објавено е дека станува збор за продажба на недвижен имот во општина Гази Баба, а токму таму се наоѓа објектот на Бриколаж.
Познато е дека се објавуваат големи зделки кога вредноста на зделката (вклучувајќи, без ограничување, заем, кредит, залог, гаранција) или меѓусебно поврзани зделки, доколку таквата зделка, односно зделки се однесуваат на стекнување или на отуѓување, или на можно отуѓување, директно или индиректно на имот на друштвото чијашто вредност изнесува над 20 отсто од книговодствената вредност на имот на друштвото определена врз основа на последните финансиски извештаи на друштвото, со исклучок на зделки извршени во текот на редовното работење на друштвото, зделки поврзани со стекнување преку запишување обични акции на друштвото, и зделки поврзани со стекнување на конвертибилни обврзници, како и други зделки определени во статутот на друштвото како зделки на кои ќе се применува постапката на одобрување на големи зделки, на начинот определен со Законот за трговски друштва.
Како што објавија од компанијата, вредноста на оваа зделка е во апсолутен износ 9.564.485 евра без вклучен ДДВ (или 588.911.166 денари без вклучен ДДВ).
Станува збор за релативен износ на 9,3 отсто во однос на вредноста на имотот на друштвото, односно 25,04 отсто од вредноста на капиталот и резервите на друштвото определени врз основа на последните финансиски извештаи на друштвото.
„Цената соодветставува со пазарната вредност на таков тип на зделки“, се вели во објавата од Скопски пазар, и се нагласува дека страни во зделката се Скопски пазар и Лидл Северна Македонија.
Нина Нинеска-Фиданоска
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




