08 Мај, 2024
0.0402

Готови законските измени: Во недела моловите ќе работат од 10 до 18 часот, за работниците двојна дневница

Објавено во: Економија 08 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Готово е предлог законското решение за недела неработен ден. Министерството за труд и социјална политика состави измени на два закони впрочем – тој за работни односи и Законот за трговија. И со двата предлога се регулира како неделата ќе биде неработен ден и за кого, кои се исклучоците. Објавата за измените веќе се ставени на ЕНЕР – единствениот национален електронски регистар, но целосните предлог измени ќе ги ставеле на страницата за пет дена. Со тоа и официјално ќе почне процесот за носење на овие измени – сепак и во нив стои, како што веќе најави Владата, дека измените ќе важат од 1 јануари следната година односно од стартот на 2022 година.

„Со Предлогот на закон се овозможува создавање на законски решенија за поголема заштита на правото на неделен одмор, при што се дозволуваат исклучоци во определени дејности и се елиминираат можните злоупотреби во однос на обезбедување на користењето на ова право.  Се овозможува и подобро усогласување на приватниот со професионалниот живот, стои во најавата за измените на Законот за работни односи.

Според нашите информации во ова решение се потврдува дека има исклучоци и дека некаде нема да може да се организира работа со недела неработен ден за сите. Меѓу исклучоците се и шопинг центрите, па и за нив неделата ќе биде работен ден. Сепак вработените во продавниците во овие центри ќе добиваат двојна дневница за денот, а ќе се работи во една смена односно само од 10 до 18 часот, како што беше најавено.

Сопствениците пак, ќе треба од буџетот да издвојуваат два проценти за детски градинки.

Со предлогот за измени на Законот за трговија кој исто така се менува, вчера на Енер беше објавено дека впрочем се уредуваат условите и начинот за вршење на трговија на внатрешниот и надворешниот пазар, мерките на ограничување на вршење на трговијата и заштитните мерки.

„Во рамки на делот за вршење трговија, законот го уредува и работното време на трговците. Согласно постојното законско решение, работното време го утврдува трговецот зависно од бројот на вработените, при што должината и распоредот на работното време што трговецот самостојно го утврдил треба да се усогласат со правата, обврските и одговорностите на вработените од работен однос утврдени со закон со кој се уредуваат работните односи. Со Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи се врши создавање законски решенија за поголема заштита на правото на неделен одмор во недела и се елиминираат можните злоупотреби во однос обезбедување на користењето на ова право, стои во описот на измените.

На предлог решението шопинг центрите да работат во недела веќе остро реагираше најголемиот синдикат во земјава, ССМ. Рекоа дека предлогот е неприфатлив.

Побараа да се уреди зголемување на додатокот на плата за работа во недела за најмалку 100 отсто за секој час поминат на работа на плата за сите работници од дејностите во кои не може да се прекине работниот процес

Инаку на 26 март годинава беше соопштено дека примената на недела неработен ден ќе биде од 2022 година. Тогаш тоа го кажаа вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на месечната седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог. Сега од Министерството за труд и социјална политика не откриваат други детали но велат дека се прифатени дел од забелешките на стопанството за овие измени.

А токму стопанствениците имаа многу забелешки на ова предлог решение. Како што пишувавме, според, нив воведувањето на целосна забрана за работа во недела со исклучок на дејностите кои се поименично наведени, не оди во полза ниту на економските субјекти, ниту на работниците, ниту на македонската економија како целина, и ќе предизвика сериозни негативни импликации.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување