18 Декември, 2025
0.0596

Господарите на трговијата прават над 700 милиони евра! Како поминаа КАМ и Веро колку заработија Кипер, Тинекс, Стокомак, Кит Го....?

Објавено во: Економија 23 Мај, 2022 10:29

Добивај вести на Viber

КАМ продолжува да биде суверен според остварениот приход од продажба, а Веро и лани држи лекции за профит како резултат од продажба. Овие две позиции се константа. Кипер е најбрзорастечка трговски ланец, а Стокомак му „дише во врат“. Тинекс ја држи позицијата над 100 милиони евра приход, а Рамстор Македонија има фантастичен раст на добивката, каде се Кит Го и Жито?

Над 710 милиони евра се приходите од продажба на најголемите осум ланци супермаркети во Македонија во 2021 година. Нивната продажба лани во споредба со 2020 година е зголемена за 4 отсто односно за 28 милиони евра. Суверен на врвот по приходи од продажба останува КАМ, најпрофитабилен и понатаму е Веропулос, а најголем прогрес во оваа остра конкуренција има Кипер Маркет кој успеа да ги зголеми приходите за 37 отсто пред најголемиот конкурент Стокомак кој книжи раст од 20 отсто, покажуваат официјалните податоци на Централниот регистар.

На листата на најголеми малопродажни ланци минатата година нема промени во структурата на компаниите, но има во рангирањето. Од достапните податоци е очигледно дека најголемите малопродажни компании т.е. ланци супермаркети го зголемуваат учеството во вкупната малопродажба на стоки за широка потрошувачка на национално ниво. Иако нема официјални податоци, неофицијалните параметри укажуваат дека големите ланци маркети продолжуваат да го зголемуваат своето учество во вкупната продажба на малосметка на помалите ланци маркети и локалните продавници.

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје