14 Декември, 2025
0.0348

ГОРАТ КУЌИ, АВТОМОБИЛИ, ДРВЈА: Три земји доаѓаат да помогнат на Грција

Објавено во: Балкан 12 Август, 2024 19:45

Добивај вести на Viber

Горат села во Грција, а државата ќе добие помош од Франција, Чешка и Италија за локализирање на пожарите. 

Ситуацијата со пожарот во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и понатаму е критична. 

Шумски пожар поттикнат од силни ветрови беснее кон Атина, гори дрвја, куќи и автомобили и принуди на евакуација неколку болници и најмалку 11 градови и села. 

Трите држави позитивно одговориле на барањето на Грција за помош за гаснењето на пожарите во областа Атика, упатено преку Европскиот механизам за цивилна заштита, јави дописничката на МИА од Атина. Дополнително, се очекува и финализирање на помошта од Шпанија и Турција.

Како што соопштија од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција, барањето е за помош со воздушни и копнени средства, по што Франција ќе испрати хеликоптер од типот Супер Пума со кофа и се очекува да пристигне вечерва, од Италија утре наутро се очекува да пристигнат два противпожарни авиони Канадер, додека пак Чешка испраќа 75 пожарникари и 25 возила, од кои девет се цистерни.

Властите се во состојба на готовност поради шумски пожари најмалку до четврток, а метеоролошките експерти предупредуваат на „многу тешка недела“.

foto EPA

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството