26 Април, 2024
0.0274

Голф7 и новото Ауди А3 прoмовирани во Македонија

Објавено во: Мои пари 15 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Два нови автомобили пристигнаа во Македонија, Голф 7 и новото Ауди А3, соопштуваат од Порше Македонија. И двата модела се се вистински синоним за елегантен дизајн, иновативна технологија и беспрекорен квалитет во својата класа, велат од компанијата. „Новиот Голф  ја продолжува успешната автомобилска приказна на првиот „Golf“ произведен во далечната 1974 година. Фактот дека од претходните шест генерации се продадени повеќе од 29 милиони возила е најдобар доказ дека овие автомобили знаат како да го пронајдат патот до срцата на купувачите. „Голф7  е врвно возило со атрактивен изглед и нов редизајниран имиџ, опремен со карактеристики за подобрена удобност и безбедност, како и со унапредени системи за забава. Автомобилот импресионира со богат и елегантен ентериер, комфорни седишта кои нудат завиден простор за патниците и уживање во возењето. Новиот Голф е заснован на потполно новата и долго најавувана платформа (MQB) Модуларна Напречна Матрица-која на групацијата Фолсваген и носи нови заштеди и сите предности на модуларната изградба на автомобили. Вкупната тежина на Golf 7 е намалена за дури 100 килограми во однос на претходникот, додека потрошувачката на гориво е намалена за 13,9 % во просек, додека некои верзии се поекономични и за 23 %“, стои во промотивното соопштение на Порше Македонија Во  склад со филозофијата на брендот – „Vorsprung durch Technik ” (Напредок низ техника), од Порше Македонија за Ауди А3 велат дека е врвен модел со ултрамодерен дизајн, моќност, удобност и импресивна стабилност. „Ултра лесната технологија на Audi овозможи  да се намали тежината на атрактивниот автомобил - во споредба со претходникот, новиот А3 е 80 килограми полесен. Формата на автомобилот  ги потенцира спортскиот карактер и моќноста на новиот А3, кој е долг 4,24 метри. Моторите се моќни, напредни, со ултра нова технологија и ниска емисија на CO2 .Во областа на имиџот, Ауди А3 е надополнет со многу нови стилски додатоци“, истакнува увозникот.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“