14 Ноември, 2024
0.0278

ГОЛЕМО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА - цените на бензините рипаат за 2,5 денари, еве колку ќе поскапат останатите

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Цените на нафтените деривати во Македонија ќе се зголемат и тоа по подолг период ќе видиме поголемо поскапување. 

Како што соопштуваат од Регулаторната комисија за енергетика со најновата одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,69 проценти во однос на претходната одлука. 

- Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 5,417 отсто, кај дизелот зголемувањето е за 3,508 проценти, кај екстра лесното масло исто има зголемувањето од 3,971 отсто и кај мазутот зголемувањето за 0,971 процент. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4032 отсто - се наведува во соопштението на РКЕ.

Од ноќеска по полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Еуросупер БС - 95    78 денари за литар

Еуросупер БС - 98     80 денари за литар

Еуродизел БС (Д-Е V) 70,50 денари за литар

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 денари за литар

Мазут М-1 НС            44,507 денари за килограм.

Со оваа одлука, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 2,50 денари за литар.

Малопродажните цена на Еуродизел и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,473 денари за килограм. 

Можеби ќе ве интересира

ЦЕФТА препорачува мерки за поедноставување на осигурувањето за моторна одговорност кон трети лица

ЦЕФТА препорачува мерки за поедноставување на осигурувањето за моторна одговорност кон трети лица

ПЛАТИТЕ НА ДИРЕКТОРИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 40 ПРОЦЕНТИ, ИАКО „ТОНАТ“ ВО ДОЛГОВИ: ревизорите за работењето на АД Пошта

ПЛАТИТЕ НА ДИРЕКТОРИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 40 ПРОЦЕНТИ, ИАКО „ТОНАТ“ ВО ДОЛГОВИ: ревизорите за работењето на АД Пошта

Ангеловска-Бежоска на Конференција во Тирана: Банкарските системи во регионот имаат капацитет да поддржат забрзана конвергенција

Ангеловска-Бежоска на Конференција во Тирана: Банкарските системи во регионот имаат капацитет да поддржат забрзана конвергенција

ГОЛЕМИ ИГРАЧИ ВЛЕГУВААТ ВО КРИПТО ИГРАТА: Би можел да достигне вредност од 125.000 долари до крајот на годината

ГОЛЕМИ ИГРАЧИ ВЛЕГУВААТ ВО КРИПТО ИГРАТА: Би можел да достигне вредност од 125.000 долари до крајот на годината

Чифлиганец и Азманов станаа „ортаци“! Во која голема банка двајцата бизнисмени се втор и трет најголем акционер?

Чифлиганец и Азманов станаа „ортаци“! Во која голема банка двајцата бизнисмени се втор и трет најголем акционер?

ЕСМ купил струја за 100 милиони евра, само преку берзата поминале 15 милиони евра

ЕСМ купил струја за 100 милиони евра, само преку берзата поминале 15 милиони евра

НЕ СТИВНУВА ИНТЕРЕСОТ ЗА КУПУВАЊЕ СТАНОВИ – во третиот квартал над 237 милиони евра свртени во купопродажба на недвижнини

НЕ СТИВНУВА ИНТЕРЕСОТ ЗА КУПУВАЊЕ СТАНОВИ – во третиот квартал над 237 милиони евра свртени во купопродажба на недвижнини

СЕ СОЗДАВА МЕГАГИГАНТ: Русија ги спојува своите три компании

СЕ СОЗДАВА МЕГАГИГАНТ: Русија ги спојува своите три компании

ЕВЕ КАКО МИОДРАГ КОСТИЌ СТИГНА ДО ПРВИОТ МИЛИОН! Заработил со истовар камиони, доставувал пуканки, го вработил татко му и рекол дека е посилен од Гејтс

ЕВЕ КАКО МИОДРАГ КОСТИЌ СТИГНА ДО ПРВИОТ МИЛИОН! Заработил со истовар камиони, доставувал пуканки, го вработил татко му и рекол дека е посилен од Гејтс