Големо намалување на примателите на социјалната помош
Објавено во: Финансии 20 Јуни, 2018
Во 2017 година, 26 160 носители на домаќинства (број на домаќинства) се корисници на социјална парична помош. Се работи за големо намалување во однос на 2016-та, кога социјална помош користеле 29.215 семејства.
Севкупно во 2017 социјалната помош била наменета за 99.931 лица како членови на домаќинствата, додека во 2016-та нивниот број бил 11.737 лица од засегнатите семејства.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број на малолетни корисници на социјална заштита во 2017 година изнесува 14 758, додека вкупниот број на полнолетни корисници на социјална заштита во 2017 година изнесува 43 040.
Од вкупните права на социјална заштита кај малолетните корисници, најголемо учество имаат услугите на социјална работа, кои изнесуваат 49.5 %, додека од вкупните права на социјална заштита кај полнолетните корисници, најголемо учество имаат услугите за социјална заштита, кои изнесуваат 84.9 %.