14 Декември, 2025
0.0377

ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ НА ПАТАРИНИТЕ ПРЕДЛАГА ЛЕВИЦА: цените би почнувале од 10 денари за прва категорија возила, еве ги деталите

Објавено во: Економија 12 Март, 2025 07:36

Добивај вести на Viber

Предлог закон за јавни патишта со кој ќе се уреди висината на патарините во земјава изработен од опозициската Левица пристигна во Собранието. Како што е наведено во документот со постоечкиот закон е предвидено висината и начинот на наплата на надоместокот за употреба на пат, односно патарината да ја утврдува Владата.

- Ова се докажа како нецелисходен и несоодветен начин на регулирање, бидејќи грѓаните плаќаат високи износи за патарини и бројот на наплатни станици постојано се зголемува, а квалитетот на јавните патишта е на незавидно ниво. Дополнително економската и енергетската криза која владее во државава ја наметнува потребата од намалување на висината на износот за патарините и уредување на начинот на наплата со закон, а не како досега со владина одлука– стои во предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта.

Опозиционерите посочуваат дека главна цел на законското решение е да се намали висината на патарините, и таа да биде прилагодена да одговара на моменталната економска состојба.

Како што е посочено во законот, со измените се предлагаат седум нови членови, со кои се дефинираат категориите на возила кои ќе плаќаат патарини. Имено за утврдување на висината на надоместокот патарина предлагаат пет категории на возила, како што е и сегашната поделба. Па така прва категорија според нивниот предлог се моторни возила со карактеристики на мотоцикли (со две тркала). 

Предлагаат уште една прва категорија, или прва Б категорија и тоа се возила со две осовини и висина кај предната осовина пониска од 1,3 метри. Втора категорија се возила со три или повеќе осовини и висина кај предната осовина пониска од 1,3 метри, возила со две осовини и висина кај предната осовина повисока од 1,3 метри или пониска од 1,8 метри и возила со приколка со три или повеќе осовини и висина кај предната осовина пониска од 1,3 метри.

Трета категоргија согласно предлогот се возила со три осовини и висина кај предната осовина повисока од 1,3 метри и возила со две осовини и висина кај предната осовина иста или повисока од 1,8 метри. Во четврта категорија спаѓаат возила со четири или повеќе осовини и висина кај предната осовина повисока од 1,3 метри.

Притоа имаат направено и табела за цените за секоја категорија, и за секоја наплатна станица. Така на пример за Романовце се предлага патарините да се движат од 20 до 110 денари зависно категоријата. На наплатните станици Петровец и Миладиновци цените би се движеле од 10 до 75 денари, а наплатна станица Тетово од 10 до 55 денари во зависност од категоријата.

Опозиционерите предлагаат наплатата на патарина да се врши комбинирано преку „отворен“ и „затворен“ систем. Начинот на плаќање може да биде готовински и со банкарски картици (дебитни и кредитни), електронски со безконтактни смарт картици и со уред за електронска наплата на патарина и со билет за ненаплатена патарина со налог за плаќање.

- Правните и физичките лица патарина можат да платат со купување на безконтактни смарт картици или уред за електронска наплата на патарина со попуст од 1 до 10 отсто, во зависност од висината на надополнетиот износ на безконтактните смарт картици односно уредот за електронска наплата на патарина (таг). Вредноста на безконтактните смарт картици изнесува 100 денари и минималниот износ за дополнување при купување и при секое наредно надополнување не може да биде помал од 300 денари– се посочува во законот.

Предлагачите дури предвиделе и попуст за секое наредно надополнување на безконтактните смарт картици и уредите за електронска наплата на патарина (таг). Имено корисниците добиваат попуст на надополнетиот износ на патарина кој се пресметува при секое поминување на наплатна станица, и тоа : 2 проценти за надополнета сума од 301 денари до 10.000 денари, 3 отсто за надополнета сума од 10.001 денари до 50.000 денари, 5 проценти за надополнета сума од 50.001 денари до 300.000 денари и 7 отсто за надополнета сума над 300.001 денари.

Во следната табела може да ги видите цените за плаќање патарина на патиштата низ Македонија во евра, согласно предлогот на Левица.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година