15 Мај, 2024
0.0272

„Големиот Гетсби” заработи 51 милион долари за еден викенд

Објавено во: Стил 13 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Филмот „Големиот Гетсби" со Леонардо ди Каприо во главната улога, на почетокот на прикажување овој викенд, заработил 51 милион долари на кино благајните во САД. Со тоа филмот изби на второ место, по продолжение на „Iron Man 3“ со Роберт Дауни Џуниор, кој заработи 72 милиони долари во текот на првиот викенд од прикажувањето, додека вкупната заработка од десетдневното прикажување на филмот во САД се искачи на 285 милиони долари. „Iron Man 3" во светот досега заработил 949 милиони долари. Филмската компанија Ворнер Брос очекуваше дека „Големиот Гетсби" ќе заработи од 35-40 милиони долари во САД за првиот викенд, но ваквите очекувања беа надминати.