ГОЛЕМИОТ БРОЈ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ ЈА ПРЕГЕРАА АПЛИКАЦИЈАТА - Град Скопје ги ажурира податоците
Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2022 14:44
Жители на главниот град до редакцијата на „Фактор.мк“ посочуваат дека и покрај многубројните обиди не успеваат да аплицираат за субвенции за поставување инвертер клими.
Во тек е јавниот оглас на Град Скопје, со кој сите заинтересирани можат да аплицираат за ваква инвестиција, но како што кажуваат нашите соговорници, он лајн апликацијата не може да се комплетира.
- Иако во неколку обиди пробувавме да аплицираме за субвенции преку град Скопје, обидите завршуваа неуспешно. Апликацијата започнува, но во текот на процесот ни се блокираше - вели Дамјана Грнческа, која сакала да ги покире трошоци за својот уред кој неодамна го поставила во својот стан во населбата Хиподром.
Како што ни објаснија од град Скопје, аплицирањето за субвенции за инвертер клими се уште трае, но поради големиот број апликации системот во овој период се ажурира.
- Од отворањето на он лајн апликациите, само во првиот ден имавме голем број апликации. Бидејќи многу луѓе аплицирале, или се закачиле на системот во ист период и пробувале да отворат акаунт, системот се блокира. Кога ќе се постигне квотата тој самиот ги спречува следните апликанти. Во овој период се ажурираат податоците, се проверува дали некои граѓани аплицирале повеќе пати. Ние веќе имаме такви кои аплицирале 2-3 пати, и сега се бришат тие апликации. Штом се заврши ажурирањето, ќе биде повторно пуштен системот, а ние ќе ја известиме јавноста дека може да се аплицира за субвенциите - посочуваат од Град Скопје.
Град Скопје го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2022 година на први јуни, а граѓаните може да аплицираат онлајн.
На повикот може да аплицираат жители на Град Скопје (општини Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај) и кои ги исполнуваат предвидените услови. Повикот ќе биде отворен до 01.11.2022 година или до денот на исцрпување на средствата. Јавниот повик ќе се реализира по редослед на аплицирање, односно по дата и време на аплицирање и по испратена потврда за предадена печка.
Согласно условите од јавниот повик граѓаните за да добијат субвенции за инвертери ќе треба доброволно и без надомест да ги предадат постојните печки на дрва, јаглен, нафта или мазут. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира во нето износ не повеќе од 62.000 денари.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал




