27 Април, 2024
0.0314

Големи загуби на „Пошта“, Навигации, Железници во 2020, некои двојно повеќе трошеле отколку што заработиле

Објавено во: Економија 15 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии го објави списокот со приходи, односно загуби и добивки на јавните претпријатија и државните акционерски друштва во 2020, на кој може да се види дека покрај оние редовните кои секогаш неизбежно се во „дупка“, оваа година има и такви кои бележат голема негатива иако претходно работеле финансиски стабилно.

Воздухопловната навигација „М-НАВ“, која секогаш може да се пофали со големи приходи, во 2021 завршила со загуба од неверојатни 358 милиони денари. Приходите биле само 487 милиони, додека расходите изнесувале 845 милиони денари.

Железничките претпријатија „Транспорт“ и „Инфраструктура“ и понатаму продолжуваат да трупаат загуби. Така Железници на РСМ Транспорт остварило загуба од 384 милиони денари, додека Железници Инфраструктура има негатива од 322 милиони денари.

АД „Аеродороми на Северна Македонија“ има загуба од 222 милиони денари, односно приходи од само 25,2 милиони денари. Спортско-рекреативниот центар „Борис Трајковски“ кој од оваа година прејде во сопственост на Владата, има негативен биланс од точно 50 милиони денари со трошоци од 100 милиони денари, или двојно повеќе од она што го „заработил“.

АД „Пошта“ има загуба од 94 милиони денари и покрај промената на раководството, додека „Национални шуми“ и покрај солидните приходи од 1,43 милијарди денари, забележува минус од 83 милиони денари иако досегашните годишни биланси се движеле околу позитивната нула.

Јавното претпријатие „Злетовица“ од Пробиштип има минус од 140 милиони денари, додека ЈП „Стрежево“ од Битола бележи негатива од 235 милиони. АД Водостопанство во однос на приходите има мала загуба од 28 милиони денари.

Веќе е познато дека АД ЕСМ има загуба поголема од една милијарда денари, додека претпријатието за пренос на електрична енергија МЕПСО има „дупка“ од 358 милиони денари во 2020.

Според планот за 2021 на министерството, се очекува во 2021 двојно поголеми загуби да направат АД „Пошта“, АД Железници Транспорт и МЕПСО и тие да достигнат 160, 527 и 666 милиони денари.

Најголеми добивки во 2020 имале ЈП Државни патишта од 4,79 милијарди денари, АД Државна лотарија од 410 милиони и Националната радиотелевизија од 74,5 милиони денари.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра