14 Декември, 2025
0.6274

ГОЛЕМИ ПАРИ ЗА РЕНОВИРАЊЕ И ОПРЕМУВАЊЕ НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“: Сума од 12 милони евра од ТАВ одат во скопската општа градска болница

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2025 13:56

Добивај вести на Viber

Познати се и сумата и изворот на големите пари кои влегуваат во ГОБ „8 Септември“. Инвестицијата ќе биде наменета за модернизација на хируршкиот оперативен блок, и Одделот за анестезија, реанимација и интензивна нега на скопската градска општа болница. Со вложување од 12 милиони евра, пари кои Владата ги пренамени од договорот за концесија со ТАВ Македонија, оваа здравствена установа ќе добие подобрени услови за работа, што би можело да биде клучен чекор во унапредувањето на нејзиниот статус.

За конкретната инвестиција одлуката ја донесе Владата, парите од концесијата на ТАВ ќе се искористат за болница и аеродром

На седница одржана на 21. јануари 2025 година, Владата донесе одлука да ја промени намената на дел од средствата од договорот за концесија со компанијата ТАВ Македонија.

Вкупно 14,7 милиони евра (906,7 милиони денари), кои првично беа предвидени за други инфраструктурни проекти, сега ќе бидат искористени за две значајни инвестиции:

Реновирање и опремување на хируршкиот блок во ГОБ „8 Септември“ – Скопје
За оваа намена ќе се издвојат 12 милиони евра (740.363.679,84 денари). Проектот опфаќа целосна реконструкција и модернизација на хируршкиот оперативен блок, одделот за анестезија, реанимација и интензивна нега, како и сите придружни помошни простории во една од најголемите болници во земјата.

Подобрување на капацитетот за патници во аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид
Наместо првично планираната модернизација и проширување на терминалот, средствата ќе бидат пренаменети за подобрување на патничкиот капацитет на аеродромот во Охрид. За оваа цел се издвојуваат 2,7 милиони евра (166.050.000,00 денари).

Одлуката е донесена врз основа на анализа за економската и функционалната оправданост на проектите, а за пренамената на средствата е добиена согласност од концесионерот ТАВ Македонија и матичната компанија ТАВ Авијација.

Дали оваа инвестиција е почеток на реализација на идејата „8 Септември“, многу скоро да има нова, регионална улога?

На почетокот на февруари, здравствените власти најавија дека Градската општа болница „8 Септември“ ќе се реорганизира со цел да стане регионален медицински центар, опслужувајќи пациенти од Скопје, Куманово и Велес.

Плановите вклучуваат отворање на оддели за онкологија и нефрологија, како и зајакнување на лабораториите. Реорганизацијата е планирана да се одвива во фази и да трае најмалку две до три години. Првата фаза, која се очекува да заврши до летото, опфаќа отворање на овие оддели, додека следните фази ќе вклучуваат поголема реконструкција.

Оваа иницијатива е дел од поширокиот план за регионализација на болниците и да се подобри пристапот до специјализирани здравствени услуги во различни делови од земјата. Во овој контекст, министерот за здравство, Арбен Таравари пред пет дена изјави дека градската општа болница во Скопје може во голема мера да придонесе за растоварување на Клиничкиот центар.

-Мислам дека ГОБ „8 Септември„ треба да биде втора клиничка болница во Скопје, меѓутоа треба да се дадат повеќе ингеренции. Мислам дека „8 Септември“треба да остане како и досега, добар бекап за Клинички центар, рече Таравари на почетоков на неделава.

Според директорот на ФЗОМ, пак, Сашо Клековски оваа здравствена установа располага со 150 квадратни метри по болнички кревет, што е значително повеќе од Старата градска болница, која има нешто повеќе од 30 квадратни метри по кревет. Оваа просторна предност ја прави „8-ми Септември“ најблиску до стандардите за универзитетска клиника.

Во однос на потребната површина за да стане клинички центар, не е прецизирано колку дополнителни квадратни метри се потребни за ГОБ „8-ми Септември“ да го достигне тој статус. Сепак, според податоците за планираниот клинички центар во Штип, кој требаше да се простира на 34.000 квадратни метри, може да се заклучи дека значителна површина е неопходна за таков комплекс.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина