13 Мај, 2024
0.2420

Голема алчност за големите милијарди!

Објавено во: Стил 13 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Нина Ванг беше најбогатата жена од Азија. Таа била вдовица на киднапираниот и изчезнатиот бизнисмен Теди Ванг. Нејзиното богатство се проценува на најмалку 4 милијарди долари. Интересно е што се се спремни да направат луѓето за парите. Судбината на сопружниците Ванг на крајот излезе иста. Имаше голема борба за нивните пари. Да почнеме од почеток... Теди Ванг беше богат и успешен идустријалец, кој два пати беше киднапиран. Првиот пат во 1983 година кога за неговиот живот беше платен откуп од 33 милиони долари. Вториот пат во 1990 година, но ова киднапирање за него заврши трагично. Со оглед на тоа што се работи за Азија овој случај не се пробиваше во западните медиуми но беше исклучително интересен за тамошните жители, со оглед на профилот на личноста која беше киднапирана. По неговата компанија Нина Ванг ја превзема компанијaта и создаде уште поголема империја. Но претходно водеше тешка борба со таткото на Ванг, т.е. нејзиниот свекор за богаството. Според еден тестамент од 1968 пoради неверство Теди парите ги остава на својот татко, а според друг од 1990 година Нина го добива целиот имот. На почеток имотот му беше доделен на таткото на Ванг, но потоа целиот имот и припадна на Нина. Како што кажавме нивната судбина на крајот беше иста, овојпат секако се работеше за парите на Нина. Компанијата прерасна во милијарди вредна империја и по нејзнита смрт беа повторно пронајдени два тестаменти. Според едниот парите требаа да оди за хуманитарни цели, но според другиот парите требаше да одат кај дваесет години помладиот личен консултат за Фенг Шуи Питер Чан. Под консултант веројатно сите знаеме што се подразбира. Човекот кој во периодот додека бил со Нина наплатил по разни основи 400 милиони долари, сакал да има се и направил фалсификат. По долга и макотрпна судска постапка Чан е осуден на 12 години затвор за фалсификување на тестаментот на Нина. За да приказната биде уште позамрсена да кажеме дека излегла и нова шпекулација според која парите ќе треба да се поделат на четири дела, меѓу другото на свекорот на Нина и вработени во компанијата. Но од тоа засега ништо. Парите некаде ќе одат, но веројатно тоа ниту на Нина, ниту на Теди Венг нема да им значи ништо. Редакција Фактор