09 Мај, 2024
0.0260

ГОЛЕМ ПАД НА БЕРЗИТЕ: Индексот на страв од коронавирусот на највисоко ниво во историјата

Објавено во: Економија 17 Март, 2020

Добивај вести на Viber

На Волстрит, индексот S&P 500 потона 12 проценти вчера, што е најголем дневен пад од црниот понеделник во 1987 година, бидејќи инвеститорите се плашат од голема економска штета, и покрај серијата мерки на САД за спречување на ширењето на коронавирусот.

Dow Jones падна стрмоглаво за 2.997 поени или 12,93 проценти, на 20.198 поени, додека S&P 500 потона 11,98%, на 2.386 поени, а Индексот Nasdaq 12,32%, на 6.904 поени.

Падот од 12 проценти на индексот S&P 500, при што се избришани околу 2,690 милијарди американски долари, е трет по ред најголем пад во историјата, веднаш по крахот на Црниот понеделник од 1987 година и падот на берзата во октомври 1929 година.

Итните мерки ги исплашија инвеститорите

Вчера, непосредно по отворањето на Вол Стрит, тргувањето беше привремено прекинато бидејќи  S&P 500 падна за повеќе од 7 проценти кога суспензијата автоматски се активираше за да им помогне на инвеститорите да се приберат.

Но, тоа не ја запре продажбата, па индексите подоцна ја продолжија нивната надолна траекторија.

„Стравот експлодираше. Пазарите се мачат со итни засилувања од централните банки и вбризгување на дополнителни милијарди долари ликвидност“, вели Питер Кардило, економист од фирмата Spartan Capital Securitiesu.

Падот на индексот S&P 500 на најниско ниво од декември 2018 година дојде откако Централната банка на САД повторно ја намали својата клучна каматна стапка, по втор пат во десет дена, и тоа за целосен процентен поен, во распон од нула до 0,25 проценти.

Бидејќи ова е втор драстичен намален интерес пред редовната седница на ФЕД оваа недела, инвеститорите стравуваат дека економската состојба е полоша од проценетата на пазарите.

ФЕД повторно ја започна својата програма за квантитативно олеснување од 700 милијарди американски долари, чија цел е забрзување на протокот на пари и зголемување на ликвидноста на пазарите.

Но, тоа не ги смири инвеститорите од страв од големи економски штети, бидејќи синџирот на снабдување и потрошувачката во светот се нарушени, а рестораните, театрите, баровите и кината се затворени во Лос Анџелес и Њујорк поради ширењето на коронавирусот.

„Банката на федерални резерви го направи она што можеше. Не би ја обвинил. Инвеститорите се надеваат и се молат за голем фискален пакет на стимул од Вашингтон, но се нервозни што можеби нема да го има “, вели Дејвид Џои, стратег во компанијата „Ameriprise Financial“.

Трамп: Можна рецесија

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба минатиот петок, а вчера ги повика Американците да се воздржат од социјални активности во наредните 15 дена и да не се собираат во групи поголеми од 10 лица.

Тој исто така предупреди дека е можна рецесија.

Тоа само ги налути инвеститорите кои стравуваат дека брзото ширење на пандемијата ќе парализира делови од глобалната економија и ќе предизвика остар пад на приходите на компаниите.

Први показатели за обемот на штетата

И најновите податоци од Кина и САД укажуваат на колку штета може да предизвика коронавирусот.

Вчера беше објавено дека кинеското индустриско производство во јануари и февруари е за 13,5 проценти помало отколку во истиот период минатата година, што е најголем пад од почетокот на 1990 година.

Инвестициите, како и прометот во трговијата на мало, паднале повеќе од очекуваното.

Инвестициите во фиксниот капитал паднале за 24,5 проценти во првите два месеци од оваа година во однос на истиот период лани.

Трговијата на мало, меѓутоа, потонала 20,5% од година во година во јануари и февруари, поради кинеските стравувања од коронавирусот да избегнуваат гужва на места како што се трговски центри, ресторани и кина.

Влијанието на вирусот врз американската економија, сепак, е индициран со фактот дека производната активност во државата Њујорк падна во март со највисока стапка во историјата и на најниско ниво од 2009 година.

За месец дена избришани 8 280 милијарди долари вредност

После вчерашниот пад, индексот S&P 500 сега е за 29,5 проценти под неговиот рекорд, достигнат на 19 февруари. Ова значи дека е длабоко во областа на мечката, повеќе од 20 проценти под претходното рекордно ниво, но оттогаш избришани се околу 8.280 милијарди американски долари во пазарна вредност.

И на европските берзи цените на акциите вчера исто така паднаа нагло, при што водечкиот европски берзански индекс STOXX 600 изгуби скоро 5 проценти и се лизна на најниското ниво од 2012 година.

*

Нови ограничувања од денеска: Се штити цената на акциите на берза


Можеби ќе ве интересира

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните