Гол ли е кралот? Производството на струја од сонце во Македонија е на ниво на статистичка грешка
Објавено во: Економија 26 Јануари, 2024 09:51
Официјалните статистички податоци ја зацементираа тезата на енергетичарите кои тврдат дека фотоволтаиците се безвредни од аспект на електроенергетскиот систем. Корисни се само за ПР и дневна политика на државни функционери кои редовно се фотографираат на отварања на сончеви централи. Времето наскоро ќе покаже дали се тоа најпромашените масовни вложувања затоа што нивното производство е пазарно немерливо затоа што не може да задоволи ниту 3 отсто од вкупните потреби на потрошувачите на струја.
Производството на струја од сонце (фотоволтаици) во ноември годинава учествувало со само 1,2 отсто во вкупното производство на електрична енергија, покажуваат официјалните агрегатни податоци за ноември 2023 година кои ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во Македонија има 220 фотоцентрали односно извори кои сонцето го претвораат во електрична енергија, покажуваат официјалните податоци на надлежното државно тело Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), а податоците се достапни на следниот линк https://www.erc.org.mk/page.aspx?id=395
Сите тие 220 централи со инсталиран производствен капацитет од 45 мегавати во ноември произвеле струја која во месечниот биланс за целото домашно производство е на ниво на статистичка грешка! Што значи дека и да ја има или пак нема е тотално неважно и занемарливо.
Овој официјален податок на овластената државна институција е крунски доказ во тврдењата на домашните инженери енергетичари дека фокусот владата мора да го стави на други извори за производство на електрична енергија. Затоа што фотоволтаиците не можат никако да обезбедат енергетска независност на Македонија.
Според оценките на енергетичарите тие се подобри најмногу за политички ПР на владејачките гарнитури затоа што се лесни за монтажа и брз се ставаат во функција и макар и на краток рок односно во манирите на дневната политика креираат политички поени. Но, немаат никаква системска вредност во енергетиката иако трошат ресурси и добиваат различни бенефиции за производство.
Само за споредба колку се неконкурентни фотоволтаиците на пример со ветерните централи говорат следните податоци. Во ноември годинава (месец што беше натпросечно топол и сончев) двете ветерни централи произвеле 2,5 пати повеќе струја од сите 220 фотоцентрали ширум земјава. Двете ветерни централи во ноември во целото производство на струја учествувале со 3 отсто.
Официјалните податоци на ДЗС покажуваат дека Македонија во ноември од своите 5 термоцентрали (три блока во РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино) добила 48,6 отсто од целата произведена струја. Хидроцентралите (од кои 10 се големи на ЕСМ и на ЕВН и уште 107 мали на приватни инвеститори и јавни претпријатија) произвеле 24 отсто од целата електрична енергија. Когенеративните централи (ТЕ-ТО и железарскиот КОГЕЛ) во целата произведена енергија учествувале со 22 отсто, а двете биогасни централи произвеле 1 отсто од целата енергија во мрежата.
Повеќе детали за домашното производство на струја во ноември се достапни на следниот линк на ДЗС https://www.stat.gov.mk/pdf/2024/6.1.24.03_mk.pdf
Р.Ф.foto freepik.com/anatoliy_gleb
Можеби ќе ве интересира
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?
Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?




