09 Мај, 2024
0.0253

Годишните собранија виртуелни: КХВ со низа препораки

Објавено во: Економија 16 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Низа препораки упати денеска Комисијата за хартии од вредност а по повод новонастаната ситуација со ширењето на коронавирусот. Оттаму велат дека внимателно ја следат состојбата. 

Сугерираат сите овластени учесници на пазарот, вклучително и Берзата и Депозитарот, да бидат подготвени да ги применат своите планови за континуитет на работењето во согласност со регулаторните обврски овозможувајќи функционирање на клучните процеси, а истовремено да им се овозможи на вработените работа од дома.

„Начинот на прием на налози за тргување е уреден со договор помеѓу брокерската куќа/дирекција за работа со хартии од вредност и клиентот. Генерално, доколку технички-технолошки и инфраструктурно е возможно треба да се промовираат електронските налози, како и давање налог по писмен пат, стои во известувањето.

Ги повикуваат издавачите да ги обелоденат што е можно поскоро сите релевантни информации во врска со влијанието на COVID-19 врз нивното работење во квалитативна и кванитативна смисла согласно со нивните обврски за транспарентност. 

„Ефектите од оваа ситуација зависат од многу фактори кои не се под контрола на издавачите, меѓутоа, прашањето како издавачите планираат да се справат и да одговорат на оваа неизвесност, може да биде значајна информација за одлуката за инвестирање. Акционерските друштва да го модифицираат вообичаеното планирање за одржување на годишнитe собранија на акционери со оглед на мерките за спречување на ширењето на COVID-19. Во случај на веќе закажани собранија, доколку технички е возможно, да се разгледа опцијата за виртуелно одржување на собрание или пак учество по пат на писмена кореспонденција. Ако одржувањето на собранијата со „физичко“ присуство е неизбежна солуција  да се превземат мерки за да се ограничи ризикот за присутните, односно да се консолидираат присуството и гласањето на собранието со што е можно помалку луѓе (имајќи ги во предвид релевантните кворуми за седница и одлучување ) преку полномоштва, сугерира КХВ.

Оттаму велат и инвеститорите на берзата, како и инвеститорите во инвестицските фондови, своите инвестициски одлуки да ги носат рационално и базирано на релевантни и проверени информации (од финансиска, но и од нефинансиска природа) кои се објавени преку релевантни и проверени канали, затоа што во спротивно би дошло до ирационално однесување a со тоа да се мултиплицираат негативните ефекти на моменталната состојба. 

„Комисијата постојано упатува на тоа дека инвестициите на пазарите на хартии од вредност треба да се анализираат на долг рок и како такви треба да се третираат при носењето на инвестициските одлуки, стои во соопштението.


Можеби ќе ве интересира

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА