Гоце Михајловски: Од каде дојде вирусот не знаеме, последната средба со татко ми беше на 29 март
Објавено во: Македонија 05 Мај, 2020 09:05
Гоце Михајловски, уредникот на информативната програма на телевизија Канал 5, познат и по тоа што тешко се опоравуваше од корона вирусот, а патем почина и неговиот татко од истото заболување во Прилеп, објави статус во кој најавува тужба за Миленко Неделковски поради навредите, како што вели тој, во најтешките моменти за неговото семејство.
„Козарот ќе го тужам за лагите и клеветите, најмногу поради тоа што во најтешките моменти ми го вознемири семејството. Многу веројатно и татко ми во неговите последните часови при свест. Очекувам да биде "храбар" како што е на тастатурата и да не се крие зад "не добив уредна покана", "страната не е моја", "некој ми ја хакирал" и сл. и на суд да ги докаже гадостите што ги пишуваше.
П.п.с. А, одамна "декодираната" новинарка нема да ја тужам. За неа имам само сожалување. Ретко се наоѓа толку многу злоба и фрустрација во еден човек“, објави Михајловски.
Новинарот познат и по тоа што пред да обелодени дека е позитивен на тестирањето за корона вирусот имаше непосредно интервју со Зоран Заев и Христијан Мицковски, по што и двајцата партиски лидери се самоизолираа и се тестираа, хронолошки ги опишува најтешките денови за неговото семејство.
„Сосема беше во право британскиот премиер Борис Џонсон, кога кажа дека новиот вирус е како крадец. Доаѓа од "нигде-никаде", и за брзо остава пустош зад себе. Во случајот со моето семејство, зеде и живот - на татко ми.
Последниот викенд во Прилеп
Во семејната куќа во Прилеп вирусот "влегол" кон крајот на март. Викендот 28-29 март бев во посета на родителите, неполни 24 часа, тогаш полицискиот час беше од 16 часот. Подоцна се покажа дека тоа е и последна средба со татко ми. Никој немаше никакви симптоми и не можеше ниту да претпоставиме дека "непријателот" е тука. Од каде дошол не знаеме, можеме само да погодуваме, ама тоа сега веќе е и ирелеватно“, пишува Михајловски.
Статусот на уредникот „ЕДЕН МЕСЕЦ ПОДОЦНА: Битката ја добив, војната ја изгубив(ме)“ во кој ден за ден од 5 април до 28 април, датумот кога беше погребан неговиот татко, ја опишува голготата можете да го прочитате на следниот линк.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





