14 Декември, 2025
0.0362

ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ – РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР, НОВИОТ КЛИНИЧКИ „НА ПАУЗА“: Клековски за владините планови

Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2025 14:48

Добивај вести на Viber

Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ се планира да биде трансформирана во регионален центар за лекување на пациентите од главниот град, како и од Велес и Куманово. Оваа информација денеска ја соопшти директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, на прес-конференција на која беше презентиран буџетот на ФЗО за 2025 година, наречен „План 2025“. 

Клековски истакна дека Владата размислува да ја стави во мирување иницијативата за изградба на нов Клинички центар. Причините, според него, се двојни – прво, демографскиот пад и намалувањето на населението, а второ, неискористените капацитети на ГОБ „8 Септември“, кои можат значително да помогнат во намалување на притисокот врз Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. 

„Нам демографијата ни паѓа, со текот на годините имаме сѐ помалку население, така што мораме да ги погледнеме и бројките на осигуреници и на пациенти. Второ, дел од капацитетите не се искористени како што треба. Од сите постоечки капацитети во Македонија, најблиску до стандарди за нешто повеќе, вклучувајќи и за универзитетска клиника, има ГОБ ‘8 Септември’“, изјави Клековски. 

Тој истакна дека ГОБ „8 Септември“ располага со 150 квадратни метри болнички капацитети, што е значително повеќе во споредба со Старата Градска болница, сега позната како „Свети Наум Охридски“, која има само околу 30 квадратни метри. Според него, и Светската здравствена организација (СЗО) во своите извештаи укажува на потребата од реорганизација на здравствениот систем. 

„Морам да кажам дека во ‘8 Септември’ се изведуваат методи кои не се изведуваат на Клиника. Тука гледаме најмногу потенцијал, со најмало вложување да добиеме најдобар одговор. Освен Онкологијата, мислам дека ќе бидат најавени нови проекти, како на пример Нефрологија,“рече Клековски, нагласувајќи дека за оваа иницијатива ќе бидат потребни законски измени. 

Буџетот на ФЗО за 2025 година е предвиден на 53,4 милијарди денари, што е зголемување од 7 милијарди во споредба со претходната година. Според Клековски, со овие финансиски средства ќе се направи значителен чекор напред во здравствената заштита. Посебен акцент е ставен на зголемување на средствата за дијагностички лаборатории, со цел подобра покриеност и намалување на времето на чекање за овие услуги. 


Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија