14 Декември, 2025
0.3411

ГО ВРТЕВ ЦЕЛО СКОПЈЕ, ДВА ЧАСА МИ ТРЕБАА ДА СТИГНАМ ДО РАБОТА, блокадите продолжуваат трет ден, Скопјани револтирани

Објавено во: Македонија 07 Декември, 2022 15:18

Добивај вести на Viber

Два саати патувам од дома до работа, релацијата порано ја поминував за 40тина минути. Разбирам дека сакат да ги наплатат долговите, но не треба цел град да биде заложник на нерасчистени должничко доверителски односи. Нека се тужат и нека си ги расчистат нерасчистените сметки. Ова е малтретирање, вели една средновечна госпоѓа. Таа посочува дека редовно користи јавен превоз, и дека патува од едниот до другиот крај на главниот град, но дека поради блокадите сега нејзиното стигнување на работно место трае предолго. 

Таа за „Фактор“ револтирано раскажуваше дека во текот на вчерашниот ден за да се врати дома чекала цел час автобус, а дополнитлено што и патувала уште два саати до дома. 

- Н само што има блокади, и што кружиме од кај Кале, или од позади Рамстор, дополнително нема ниту автобуси. Редовно ја користам линијата со број пет, иако на распоред има често напишано автобуси, на терен се чека со саати. Ова е навистина страшно - дополнува таа. 

Блокадите на главните крстосници продолжуваат и денеска, тред ден по ред. Скопје е под блокада на приватните превозници во јавниот превоз. И по 48 часовната блокада изминатите два дена нема никаква реакција од Градот Скопје.

Превозниците велат остануваат на улица се додека не добијат некаква понуда за договор.

За денеска пак Град Скопје најави дека ќе објави јавен повик за избор на приватни превозници за линиите 20 и 22. За другите линии се на став дека нема потреба од приватни автобуси бидејќи нив ги презема ЈСП „Скопје“ и со тоа граѓаните добиваат ,,поодобра, поевтина, сигурна и стандардизирана услуга”. Според информациите од кабинетот на Арсовска на јавниот повик ќе може да се пријават сите заинтересирани, а превозниците Слобода превоз и Макекспрес нема да може да се пријавуваат на огласот една година од раскинувањето на договорот со нив.

Приватните превозници веќе трет ден со автобуси блокираат три клучни крстосници во Скопје, крстосницата кај Мавровка, кај Црвен крст и Илинденска на потегот од финтана до спортскиот центар Борис Трајковски со што го парализираат целиот сообраќај во центарот на главниот град.

Вчера се огласи и минстерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, кој рече дека „Скопјани трпат преголема штета поради блокадите на приватните превозници. Протестот, треба да биде насочен кон други, а не граѓаните да ги плаќаат последиците“.  Самиот тој едвај излегол од Скопје вчера поради блокадите кои најдиректно ги нарече самоволие. Пенов претходно за протестот на автобусџиите најави и можни мерки, на што тие вратија дека може да се обиде да ги отстрани и со тенкови, но пак ќе останат на улиците.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина