14 Декември, 2025
0.0458

ГО НАРЕКУВАА НАЈСИРОМАШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СВЕТОТ: Почина Хозе Мухика

Објавено во: Свет 13 Мај, 2025 22:34

Добивај вести на Viber

Почина човекот кого го нарекуваа најсиромашниот претседател на светот. 

Станува збор за поранешниот претседател на Уругвај, Хозе Мухика, објави актуелниот лидер на јужноамериканската земја Џаманда Орси во објава на Х.  Мухика, кој често го добиваше прекарот Пепе и беше претседател на Уругвај од 2010 до 2015 година, имаше 89 години.

Тој стана познат во светот по отфрлањето на конвенциите додека владееше. Застапник на штедливоста, тој одби да живее во претседателската палата, возел винтиџ „бубачка“ на Фолксваген и претпочитал да остане на својата скромна фарма во близина на Монтевидео. Популарноста ја стекна со спонтан говор.

Застапник на многу прогресивни мерки за Латинска Америка како што е легализацијата на канабисот, што беше првпат во светот во 2013 година, абортусот и хомосексуалните бракови, Мухика го доби прекарот „најсиромашниот претседател во светот“ давајќи го скоро целиот свој претседателски приход на програмата за социјални станови.

Поранешниот претседател на Уругвај боледувал од рак на хранопроводникот.

Можеби ќе ве интересира

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина