27 Април, 2024
0.0199

ГО КРШАТ ЗАКОНОТ НА САУДИЈСКА АРАБИЈА, АМА НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ ПРОБЛЕМИ - еве кој е „гревот“ на Роналдо и Георгина

Објавено во: Спорт 05 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Шпанскиот медиум „Спорт“ го потенцираше кршењето на законот на Саудиска Арабија кое го прават Роналдо и Георгина.

Тие официјално не се венчани, не се во брак, туку едноставно живеат како партнери. Законот во Саудиска Арабија вели дека маж и жена не смеат да живеат под ист покрив доколку не се венчани.

„Спорт“ во својата статија консултираше двајца адвокати кои велат дека во последно време нивната земја замижува за ваквите случаи и законот нема да биде почитуван.

„Иако законот се уште не дозволува живеење заедно на маш и жена без тие да бидат во брак, властите почнаа да замижуваат на тоа. Се разбира дека овој член на законот се уште е активен и се користи доколку се јави некој проблем“, вели едниот адвокат.

Слично е мислењето и на вториот адвокат од Саудиска Арабија кој беше контактиран од каталонскиот медиум.

„Саудијските власти денес не интервенираат за тој дел од законот кога станува збор за странски државјани, но законот продолжува да забранува живеење на маш и жена под ист покрив доколку не се венчани“.

Влијанието на Кристијано Роналдо е огромно, па не се исклучува можноста неговото присуство во Саудиска Арабија индиректно постепено да влијае и на олабавување на дел од строгите закони во оваа земја.

Можеби ќе ве интересира

ОДБОЈКАРКИТЕ НА РАБОТНИЧКИ ПОВТОРНО ШАМПИОНИ: Групацијата „Специјал Градба“ како горд спонзор на шампионките, им ја честиташе победата

ОДБОЈКАРКИТЕ НА РАБОТНИЧКИ ПОВТОРНО ШАМПИОНИ: Групацијата „Специјал Градба“ како горд спонзор на шампионките, им ја честиташе победата