Глоба од 630 милиони долари за Дојче банка поради перење пари од Русија
Објавено во: Свет 31 Јануари, 2017
Американските и британските власти воведоа казна од близу 630 милиони долари на Дојче банка за перење пари кои потекнуваат од Русија, соопшти регулаторот за финансиски услуги во Њујорк.
Со оваа казна се завршува истрагата што започна во 2015 година по обидот за корупција на трејдер од германската банка во Москва. Тогаш руски клиенти на банката го поткупиле во обид да го скријат потеклото на парите.
Потсетуваме дека Дојче банка ќе им плати на властите во САД 7,2 милијарди долари поради манипулација на пазарот на хартии од вредност во пресрет на светската финансиска криза во 2008 година.