06 Декември, 2025
0.0751

Глигоровска: ИутеКредит направи нова мобилна апликација, сите услуги се бесплатни

Објавено во: Економија 29 Април, 2021 07:20

Добивај вести на Viber

Во услови на пандемија значајно се забрза процесот на развој на дигитализацијата што од една страна ја олеснува и ја прави безбедна комуникацијата нафинтек компаниите со клиентите, а од друга страна значи и придонес кон околината од аспект на намалување на употребата на хартија. Елена Глигоровска, директор за човечки ресурси и корисничко искуство во Иуте Кредит Македонија го пренесува искуството на оваа компанија од овој аспект, поле каде тие се своевиден лидер. Направена е мобилна апликација со која аплицирањето за кредит ќе биде целосно дигитално без употреба на ниту еден лист хартија.

Иуте Македонија е своевиден лидер за дигитализација на услугите, па кои новини и трансформации ги направивте во овој период?

Глигоровска: Иуте Кредит секогаш се стреми да биде дел од напредната иднина, и целосно да го претставува поимот финтек - користење на напредни технологии со цел овозможување на финансиски услуги за клиентите.

Клиентите сакаат достапност, едноставност, ефикасност и брзина. Ги послушавме и развивме мобилна апликација Мој Иуте.

Со мобилната апликација им овозможуваме на клиентите да ги реализираат своите потреби на начин лесен за употреба и достапен од каде и од кое било место.

Потенцирате и дека дел од решенија се секако еко френдли. За што всушност станува збор, какви еколошки решенија се имплементирани во вашите производи?

Глигоровска: Со еколошките предизвици во 21-от век, “Зелен ИТ” (Green IT) станува сè поважен пристап. Нашата апликација ја сметаме како дел од овој развој, едноставно заради тоа што севкупниот процес е еко френдли. Клиентите нема потреба да посетат експозитура, нема потреба од користење  хартија за поднесување апликација за кредит, за потпишување на договор, за издавање потврди и слично – сите документи и финансии им се на дланка дигитално.

Финансиските средства ги исплаќаме на картичка која на новите клиенти им ја испорачуваме на домашна адреса.

Во услови на пандемија значајно се забрза процесот на развој на дигитализацијата што од една страна ја олеснува и ја прави безбедна комуникацијата нафинтек компаниите со клиентите, а од друга страна значи и придонес кон околината од аспект на од аспект на намалување на употребата на хартија, загадување на околина со превоз и слично.


Најавувате и нова мобилна апликација MyIute преку која целиот процес за апликација за кредит е целосно дигитален. Кои се придобивките од ова и за каква апликација станува збор?

Глигоровска: Апликацијата е наменета за нови и за постоечки клиенти. Во неа, клиентите може лесно да аплицираат за кредит, да го проверат салдото на ратите и на кредитот, следните износи за отплата, да отплатат рата, да ги добијат амoртизациски план/потврда за затварање кредит, да направат одложување на рата или да затворат кредит и сето ова да го направат бесплатно.

Исто така, клиентите добиваат персонализирани и прилагодени понуди и промоции специјално дизајнирани за нив од нашите маркетинг тимови. 

Тековно имаме специјална понуда за попуст од 15 отсто на сите провизии за кредит, само за апликации поднесени преку MyIute.


Што значи ова и за вашите клиенти, но и за вас како компанија?

Глигоровска: Со апликацијата, сакаме да бидеме поблискуи подостапни за нашите клиенти во секое време. Многу од услугите кои редовно се наплаќаат, во апликацијата се бесплатни затоа што клиентот сам си ги поставува и извршува потребните услуги. Веруваме дека со можноста да ги плаќаат ратите преку апликацијата им заштедуваме време и чекање редици пред банки и пошта. Покрај тоа, достапна е и десктоп верзија на апликацијата за компјутер на нашата веб страна, каде клиентите сами може да ги извршат истите функционалности според сопствените потреби.

Делот за контакти ги содржи локациите на нашите експозитури, лесен пристап за повик кон нашиот Контакт центар, емаил, Вибер, Whatsapp, Facebook, Instagram или чет преку веб.

И покрај ваквиот напреден развој ние остануваме достапни за клиентите 24 часа секој ден, викенд и празници на секој контакт од апликацијата.

Со мобилната апликација им овозможуваме на клиентите да ги реализираат своите потреби на начин лесен за употреба и достапен секое време (ден, ноќ, делници и празници) и од кое било место.


Западните практики налагаат промени во однесувањето на компаниите во смисла на демонстрирање на општествена одговорност. Екологијата е еден аспект во кој треба да се покаже ваква одговорност секако.

Глигоровска: ИутеКредит Македонија работи на разновидни општествено одговорни проекти, меѓу кои најактуелна е соработката со компанијата Пакомак. Со нив сме во процес на градење на мини еко-паркови во општините кадешто имаме експозитури. На овој начин, со поставување на дрвени елементи за одмор и релаксација на случајните минувачи, би сакале да им дадеме повеќе можност да поминуваат време на отворено, во природа, особено во период кога социјализацијата е препорачано да биде токму на отворен простор. Во моментов дрвени клупи за рекреација се поставени пред експозитурата на ИутеКредит во Тетово, а наскоро ќе се постават и во паркот во Битолаи низ другите градови низ земјава.

A.T.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?