ГЛЕДАТЕ ЛИ НЕТФЛИКС: Се подготвува најголемата промена во последните 10 години
Објавено во: Економија 12 Јуни, 2024
Нетфликс објави дека прават големи промени во нивната ТВ апликација. Најголемата во последната деценија. Како што коментира еден од директорите во Нетфликс, Пет Флеминг, нивното внатрешно истражување покажало дека корисниците на апликацијата Нетфликс на телевизорите често користеле, како што тој ја нарекол - гимнастика за очи. Нивните очи постојано кружеа околу различни делови од екранот обидувајќи се да најдат содржина што би можела да им биде интересна, пишува Zimo.
„Сакавме да поедноставиме сè, да го направиме поинтуитивен и полесен за навигација“, објасни Флеминг, па во иднина претплатниците на Нетфликс, кои се околу 270 милиони, би требало многу побрзо и полесно да најдат атрактивна содржина. Оваа недела компанијата почна да го тестира новиот изглед кај некои корисници, а со тек на време новиот изглед би требало да стане достапен за поголем број луѓе. Ќе се следат и реакциите, критиките и пофалбите за новиот дизајн за да се можни последователни промени на изгледот на оваа апликација на телевизорите.
Како изгледа новиот Нетфликс можете да видите на веб-страницата на Ројтерс, а овие промени не се радикални. Веќе нема странично мени на главната страница, а главните опции се преместени на самиот врв на екранот. Има опции Home, Shows, Movies и новиот таб My Netflix (овој таб претходно беше претставен на мобилни уреди) каде што се достапни филмови и серии кои корисникот почнал да ги гледа порано и оние што ги означил како интересни.
Блиц.бизнис