Ѓурѓај: Бугарската пропаганда е зголемена во пресрет на пописот во Албанија за да се создаде некакво бугарско малцинство
Објавено во: Македонија 25 Август, 2022 07:00
Македонците од Албанија се категорични дека во оваа земја нема бугарско, туку македонско малцинство кое Бугарија по пат на пропаганда сака да го прикаже како нивно.
Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“ од Тирана и главен и одговорен уредник на македонскиот весник „Илинден“, вели дека во Албанија нема бугарско малцинство, а тоа се покажало и на претходните пописи. Тој смета дека изјавите за барање права за некакво бугарското малцинство во Албанија не се случајни. Но, обидите за прикажување на македонското малцинство како бугарско траат веќе неколку години.
„Бугарската пропаганда е зголемена во пресрет на пописот во Албанија кој ќе се одржи во октомври, и тие со секое средство се трудат да создадат некакво бугарско малцинство кое го нема. Во областите Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и цело Врбник не постои бугарско малцинство. Им нудат пасоши, стипендии, посети на Бугарија. Откако Бугарија влезе во ЕУ, Албанци земаат бугарски пасоши од економски причини. Ставот наш е јасен, во Република Албанија нема бугарско малцинство, бидејќи во сите пописи во Албанија нема изјаснети Бугари“, вели Ѓурѓај.
Има документи кои докажуваат дека во наведените региони живееле и живеат Македонци.
„Сите зборуваат на македонски јазик“, додава Ѓурѓај.
Хаџи Пируши од здружението „Просперитет“ во Голо Брдо за бугарски медиум изјави дека немаат патишта, немаат пратеник, ниту свој претставник во општините. Тој изрази незадоволство и бара средба со бугарскиот претседател Румен Радев. Северна Македонија има претензии за области каде што е концентрирана бугарската дијаспора, пренесе БНТ.
Албанија претходно се жалеше дека е заложник на македонско – бугарскиот спор, затоа што Бугарија има серија барања за Македонија, и повеќе пати ставаше вето на стартот на преговори. Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев уште во 2017 година тврдеше дека Бугарите во Албанија биле историски факт. Во Албанија се смета дека има околу 120.000 Македонци.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето




